Мазда 3 пристигнува , претставени новите перформанси

Кон крајот на месецов , Мазда во Португалија ќе го претстави своето обновено компакт возило.

Во понудата влегуваат три модели на мотори , меѓу кои и еден дизел. Неговиот мотор Skyactiv-D ќе биде  1.8 литарски, со јачина од 116 Кс и 270 Нм Просечната потрошувачка на дизелот ќе биде само 4,7 литри на 100 км.

Бензинските Skyactiv-G 2.0 и Skyactiv-X имаат хибридна поддршка. Атмосферскиот 2.0 мотор дава 122 Кс и 213 Нм , а има и 24V hibriden system so baterii od 600kJ. Троши просечно 6 литри на 100 км.

Во понудата е и Skyactiv-X  моторот со компресиска активација , кој дава 181 Кс и 222Нм. Ќе биде понуден подоцна годинава Сите мотори се со шестстепенски менувач , а автоматскиот е како опција.

Казна од 500 евра за туристите за користење на пластика

Туристите кои го посетуваат островот Капри во Италија ќе се соочат со парична казна до 500 евра ако користат пластични кеси, чинии или прибор за јадење.

 Италијанското монденско острово Капри воведе нов закон за зачувување на природната средина.

Забраната која започна да се применува од почетокот на месецот се однесува на традиционалната пластика, сето ова е направено со цел да се заштити морскиот брег во близина на Неапол.

Градоначалникот Џовани Де Мартино за „Тајмс “ изјавил  дека законот ќе донесе нови промени , но тој е сигурен оти никој нема да се жали поради зачувувањето на природната околина.

Фото: Прекрасната Моника Белучи

Италијанската актерка, 54 годишната Моника Белучи уште еднаш покажа зошто веќе долго се наоѓа на листите на најубавите жени на светот.

Една од најубавите светски актерки уште еднаш ги воодушеви сите со својот изглед на црвениот тепих на Канскиот фестивал.

54-годишната Моника се појави на премиерата на филмот „ The Best Years of a Life",а на фоторепортерите им позираше во  тегет долг фустан со тантела и екстравагантен ѓердан.

Фото: Без долна облека на црвениот тепих, важно е да бидеш забележана!?

Важно е да бидеш забележано, но не до толку многу!?

По црвениот тепих на Канскиот фестивал годинава прошетаа скоро сите ѕвезди и ѕвездички во креации кои одземаат здив.

Кога  пред фоторепортерите во Кан се појави виетнамската манекенка Нгок Тринх никој не знаеше каде да гледа.

Нејзините фотки завршија  на сите светски сајтови, но поради тоа што е позната и блеснала на црвениот тепих, туку поради тоа што едноставно била вулгарна.

притисни ентер