Дневен хороскоп за 22.2.2019

Дневен хороскоп за петок , 22 февруари 2019

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни.

Кариера

Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни.

Здравје

Треба повеќе да се рекреирате.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете.

Кариера

Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате.

Здравје

Служете се со интуицијата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце.

Кариера

Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок.

Здравје

Бидете подготвени на соработка.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава.

Кариера

Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега.

Здравје

Имате право на одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок.

Кариера

Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери.

Здравје

Добро е што не ги комплицирате работите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени.

Кариера

Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни.

Здравје

Читајте меѓу редови.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите.

Кариера

Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место.

Здравје

Бидете она што сте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило.

Кариера

Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони.

Здравје

Прошетајте се на воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени.

Кариера

Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата.

Здравје

Ќе бидете меланхолични.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки.

Кариера

Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења.

Здравје

Не се натпреварувајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома.

Кариера

Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен.

Здравје

Прошетајте се на воздух.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе.

Кариера

Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. затоа ќе бидете многу задоволни.

Здравје

Верувајте во подобри денови.

Украинците со дронови нападнале енергетски објекти кај рускиот град Смоленск

Според извештаи на руските власти и медиуми , Украина ноќеска употребила беспилотни летала за да нападне енергетски објекти во регионот Смоленск, на 400 километри западно од Москва, јави ДПА.

-Нашиот регион повторно беше цел на напад со украински дронови, изјави рано утринава гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, пренесен од руските медиуми.

Градоначалникот Анохин појасни дека била употребена руската противвоздушна одбрана, додавајќи дека нападот врз енергетските објекти предизвикал пожари.

Овие информациите првично не можеа да бидат проверени од независен извор.

ДПА пренесува дека напад со дрон бил регистриран и во западниот руски град Липецк. Дронот се урнал во индустриската област и во инцидентот нема жртви, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на гувернерот на регионот.

Русија, која веќе над две години води војна против соседот Украина, се повеќе е на удар на украинските дронови, особено во пограничните области. Меѓутоа, штетите и бројот на жртвите се несразмерно помали во однос на масакрот во Украина, појаснува германската агенција. /МИА

Блинкен во посета на Кина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Шангај во време кога односите меѓу САД и Кина се на постабилна основа, но со низа нерешени прашања кои ја загрозуваат стабилноста на односите на глобалните ривали.

Блинкен ќе се сретне со бизнисмени пред да замине за Пекинг во петок на разговори со министерот за надворешни работи Ванг Ји и можна средба со претседателот Си Џинпинг.

Блинкен ќе побара од Кина да престане со опремување и снабдување на руската воена индустриска база.

Висок функционер на Стејт департментот на брифинг со новинари во петокот рече дека Вашингтон е подготвен да „преземе чекори“ против кинеските компании за кои верува дека им штетат на американската и европската безбедност. Тој не кажа други детали.

Посетата доаѓа откако американскиот Конгрес викендов го усвои законот кој вклучува ново финансирање за Тајван и помалку од еден месец пред островот да го инаугурира новиот претседател Лаи Чинг-те, кој како и неговиот претходник го отфрли правото кое Кина го полага врз островот.

Висок функционер на Стејт департментот рече дека страните треба „да избегнуваат преземање провокативни дејствија кои би можеле да ги подигнат тензиите и да покажат воздржаност“ пред инаугурацијата.

Напорите да се принуди кинеската ByteDance да ја продаде апликацијата TikTok или да се соочи со забрана од САД, исто така добиваат на сила во Конгресот, што е знак за зголемената подготвеност на Вашингтон да се соочи со Пекинг за економски прашања.

Блинкен се очекува да покрене и прашања за човекови права, вклучувајќи го и третманот на Кина кон муслиманите во западниот регион Синџијанг. /МИА

Во Струга и Вевчани навреме отворени сите избирачки места

Сите 101 избирачко место за првиот круг од претседателските избори во општина Струга утрово беа отворени во 7 часот, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

- Гласањето почна навреме и во трите избирачки места во општина Вевчани, информира претседателката Менка Кукоска.

Гласањето, според претседателите на изборните комисии, во двете општини се одвива непречено, без никакви проблеми.

Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60.894 гласачи, од кои 132 болни и изнемоштени вчера го оствариле своето гласачко право, додека во Вевчани има 2.072 регистрирани гласачи, а четворица болни и изнемоштени гласале вчера. /МИА

притисни ентер