За пониски цени мобилен оператор би смениле 61,2 процента од граѓаните

Процентот на корисници на интернет преку мобилен телефон е во постојан пораст и во 2018 година достигнал 67,8 проценти.

 Ако им се понудат пониски цени за разговор во мобилната телефонија 61,2 процента од испитаниците опфатени со последната анкета на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) би го смениле мобилниот оператор,  43,6 проценти  тоа би го направиле за пониски цени на СМС/ММС и дата податоци, а 37,3 проценти за поевтин мобилен интернет. Побрз мобилен интернет, најсовремени телефонски апарати и подобра грижа за корисници би биле причина за промена на операторот за 24,6 проценти, а подобар квалитет на говорни услуги 22,8 проценти.

Анкетата е спроведена од 27 септември до 12 октомври минатата година на територијата на државава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

Во анкетата 60,8 проценти се изјасниле дека би го смениле мобилниот оператор доколку сегашниот ја зголеми цената на услугите за 10 проценти.

Процентот на корисници на интернет преку мобилен телефон е во постојан пораст и во 2018 година достигнал 67,8 проценти. Најголемиот дел од корисниците на интернет преку мобилен телефон (96,1 процент) користат апликации за комуникација меѓу кои најкористени се Вибер (98,8 проценти) и Фејсбук месинџер (87 проценти).

Повеќе од половина (55,1 процент) од лицата што не користат интернет преку мобилен телефон навеле дека немаат потреба од оваа услуга, 33,8 проценти рекле дека моделот на мобилен телефон не им го дозволува тоа, а 25,1 процент не знаат како да го користат, а за 26,5 проценти причина се превисоките цени.

Бројот на корисниците на мобилна телефонија  постојано бележи благ пораст и во 2018 година изнесува 96,8 проценти.За 60 проценти од корисниците главен оператор е Вип.Оне додека Македонски Телеком за 39 проценти. Лајкамобајл има минимално учество на пазарот од еден процент. Бројот на постпејд корисници на мобилна телефонија постојано се зголемува.

Паметните телефони и понатаму со голема динамика ги заменуваат обичните мобилни телефони. Во 2018 година веќе 81 процент од корисниците на мобилна телефонија поседуваат паметен телефон.

Фиксната телефонија стагнира

Во последните три години се забележува стагнација на бројот на домаќинствата кои поседуваат фиксна телефонска линија меѓутоа користењето на оваа услуга од лицата кои ја поседуваат постојано се намалува, односно скоро половина од испитаниците што поседуваат фиксна линија никогаш не ја користат за повици кон фиксни и кон мобилни мрежи.

Најголем дел од корисниците на фиксна телефонија се постпејд корисници (93,3 проценти) што останува на исто ниво како и претходната година. Македонски Телеком и понатаму има најголем пазарен удел со 58,8 проценти кој останува стабилен во последните три години.

Речиси сите (96,9 проценти) од испитаниците кои не користат фиксна телефонија се изјасниле дека не се заинтересирани да станат корисници на оваа услуга во годината што претстои, покажува испитувањето на јавното мислење на резиденцијалните корисници во однос на пазарот на електронски комуникации во Македонија.

Познати нови информации за автомобилот вреден 17 милиони евра (ВИДЕО)

Иако со цена од речиси 17 милиони евра стана најспак автомобил на светот , новиот Бугати La Voiture Noire нема класичен мотор , а и кабината и натаму е празна.

Кога Ролс Ројс го претстави Sweptail и информира дека ќе чини 11,5 милиони евра , никој не веруваше дека набргу ќе се појави поскап автомобил. Бугати во Женева го претстави својот La Voiture Noire, вреден 16,7 милиони евра. Но , цената не е фуиксна , зашто таинствениот купувач допрва се сдоговараз а развој на авотмобилот. Рокот на испорака е две и пол години , а за тоа време од компанијата најавуваат завршување на моделот.

Во Женева бил претставен само костурот , додека најскапиот автомобил се уште нема мотор , ниту внатрешни елементи.

,,Тој автомобил не е готов. Само што почнавме со конструкцијата пред половина година, нашиот клиент го прифати предлогот. Автомобилто ќе биде испорачан по две и пол години.Да , дизајнот не е довршен. “ , портврди и портпаролот на Бугати, Тим Браво.

За сега се знае само дека во автомобилот нема да биде вграден моторот V16 од Хирон со 1500 КС, туку електромотор.

НАСА нуди хонорар од 14 000 фунти за 60 дена лежење во кревет

НАСА нуди хонорар од 14 000 фунти за сите оние кои се подготвени да учествуваат во експеримент со цел да се дознае како бестежинската состојба влијае на човековото тело.

,,Резултатите од студијата ќе им помогне на научниците да развијат ефективни превентивни мерки , за да им се помогне на космонаутите кои се наоѓаат во вселенските станици.” соопштуваат од НАСА. Иако изгледа лесен , тестот Artificial Gravity Bed Rest Study  бара од учесниците доста напор.

За 14 000 фунти хонорар треба да се издржи експериментот што трае вкупно 89 дена. Дури 60 дена учесниците во експериментот ќе минат во кревет. Положбата на главата ќе им биде пониско за 6 степени од положбата на нозете.

Во текот на тиое 60 дена , сите активности , меѓу кои туширање и вршење нужда , ќе се извршуваат во лежечка положба. Учесниците во тестот секој ден ќе минуваат по 30 минути во т.н. човечка центрифуга , апарат што симулира гравотација.

НАСА сега бара здрави волонтери од женски пол стари од 24 до 55 години , а елспериментот почнува во септември годинава во центарот на НАСА во Келн, Германија.

Астон Мартин ја преработи својата најнова спортска лимузина (ВИДЕО)

Астон Мартин на своите потрошувачи им нуди преработена верзија на новиот Вантаж со јачина од речиси 700 коњски сили.

Германскиот производител е подготвен да ја зголеми силата на АMG моторот М177 4.0 V8 од почетните 510 Кс и 685 Нм на 671 Кс и 820 Нм. , што го става овој модел на ниво на DBS Superleggere .

Станува збор за т.н. Stage Three комплет , што вклучува поголеми турбини, нов ауспух и надградба на софтверот. По ваквата преработка Вантаж од 0-100 км/час стигнува за 3,3 секунди , а достигнува максимална брзина од 330км/час.

притисни ентер