Фото: Џони Деп во друштво на српска пејачка

Холивудскиот заводник Џони Деп веќе десетина дена престојува во Белград, Србија каде снима сцени од својот најнов филм.

По напорните снимање мегапопуларниот актер ужива во ноќниот живот во српската метропола.

Во еден познат белградски ресторан Џони Деп се сретнал со атрактивната српска пејачка Катарина Остојиќ Каја.

Атрактивната пејачка дури направила и селфи со  големата актерска ѕвезда  и со сликата веднаш се пофалила на социјалните мрежи.

Под фотографијата со Џони Деп, Каја напишала:

„Тој е херојот на моето детство, првата солза во кино. Каков неверојатен човек, токму онаков каков што сум го замислувала. Тој е легенда“, е коментарот на Каја.  

Џони Деп веќе неколку недели престојува во Белград каде снима сцени од новиот филм „Минамата“.

Казна од 500 евра за туристите за користење на пластика

Туристите кои го посетуваат островот Капри во Италија ќе се соочат со парична казна до 500 евра ако користат пластични кеси, чинии или прибор за јадење.

 Италијанското монденско острово Капри воведе нов закон за зачувување на природната средина.

Забраната која започна да се применува од почетокот на месецот се однесува на традиционалната пластика, сето ова е направено со цел да се заштити морскиот брег во близина на Неапол.

Градоначалникот Џовани Де Мартино за „Тајмс “ изјавил  дека законот ќе донесе нови промени , но тој е сигурен оти никој нема да се жали поради зачувувањето на природната околина.

Фото: Прекрасната Моника Белучи

Италијанската актерка, 54 годишната Моника Белучи уште еднаш покажа зошто веќе долго се наоѓа на листите на најубавите жени на светот.

Една од најубавите светски актерки уште еднаш ги воодушеви сите со својот изглед на црвениот тепих на Канскиот фестивал.

54-годишната Моника се појави на премиерата на филмот „ The Best Years of a Life",а на фоторепортерите им позираше во  тегет долг фустан со тантела и екстравагантен ѓердан.

Фото: Без долна облека на црвениот тепих, важно е да бидеш забележана!?

Важно е да бидеш забележано, но не до толку многу!?

По црвениот тепих на Канскиот фестивал годинава прошетаа скоро сите ѕвезди и ѕвездички во креации кои одземаат здив.

Кога  пред фоторепортерите во Кан се појави виетнамската манекенка Нгок Тринх никој не знаеше каде да гледа.

Нејзините фотки завршија  на сите светски сајтови, но поради тоа што е позната и блеснала на црвениот тепих, туку поради тоа што едноставно била вулгарна.

притисни ентер