БМВ и Дајмлер смислуваат конкуренција за Убер

Германските производители на автомобили Дајмлер и БМВ претставија заедничка компанија за превоз на повик , услуги на паркирање и полнење електрични возила , како конкуренција на Убер.

Компаниите за производство на луксузни автомобили соопштија дека ќе вложат милијарда евра во ширење на постоечката дејност на системи за плаќање на минута или по поминат километар.

Ваквите компании за услуги на повик има и во Кина , каде компанијата Didi Chuxing сака да се шири и кон Јужна Америка. Убер , пак создава силна мрежа во САД.

,,Натамошната соработка со другите понудувачи на услуги , вклучително и удел во старт ап компании и соработка со етаблирани играчи , е можно како опција .” , изјави главниот иозвршен директор на Дајмлер , Дитер Захе.

Брендот на Дајмлер Car2Go ќе се поврзе со компаниите на БМВ DriveNow, ParkNow и ChargeNow, со тоа што двајцата производители ќе имаат по 50% удел во заедничкиот потфат.

Двете големи германски компании работат и на развој на автономни автомобили, со што се надеваат дека ќе направат пробив во такси превозот и услугите на превоз на повик.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 %, поголема за 9% е во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер