Дневен хороскоп за 23.2.2019

Дневен хороскоп за сабота, 23. февруари 2019. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можни се проблеми во поширокото семејство , така што ќе немате време за љубов или за партнерот.

Кариера

Уметниците и креативните денеска ќе ги изразуваат експресионистичките идеи пред угледна публика.

Здравје

Внимавајте на фрустрации.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе доживеат блиска средба со личност од своето љубовно минато. Други само ќе размислуваат за такво нешто.

Кариера

Атмосферата на работното место би можела да биде напната . Ништо не форсирајте , туку повлечете се и причекајте до утре.

Здравје

Премногу силни емоции.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска посебно ќе блескате што ќе биде препознаено од речиси секого. Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа.

Кариера

Во конкретните работи , како и во услужните дејности , работите ќе ви одат од рака. Уметниците денеска нека мируваат.

Здравје

Блескате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно ќе бидете во ситуација да покажете колку сте ранливи и емотивни. Другата страна ќе ве разбере.

Кариера

Ќе смислите нови идеи , со кои би можеле да ги зголемите приходите. Се треба да договорите со колегите.

Здравје

Немојте да се опијаните , зашто тоа нема да излезе на добро.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веројатно ќе се заплеткате во уште една љубовна илузија , каде нема да се знае кој пие , а кој плаќа.

Кариера

Оние кои одмораат , ќе успеат да се опуштат . Оние кои работат , ќе гледат што побргу да ги завршат обврските.

Здравје

Најдобро е да го преспиете денов.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би можело да се случи денеска да увидите дека на некои работи едноставно им е истечен рокот на траење.

Кариера

Ќе ви падне на памет идеја , со која целосно би можеле да го смените системот на вашата работа.

Здравје

Вашата смисла за хумор веројатно ќе ве напушти.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои од вашите пријатели денеска би можел да ве растажи . Саканата личност ќе успее да ве утеши.

Кариера

Ќе се замислувате на бина и ќе посакате да слушнете аплауз од публиката . Тоа некои навистина ќе го доживеат.

Здравје

Трпение , спасение.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денеска многу полесно се дише , а кај вас повторно расте оптимизмот, среќата и задовокството. Истото се однесува и за вашиот партнер.

Кариера

Бидете максимално тактични во секоја соработка. Ако треба , почекајте до утре и се ќе си дојде на своето место.

Здравје

Ќе се разведрите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во душата ќе почиствувате олеснување , но и натаму ќе треба да и се прилагодувате на другата страна , зашто таа ќе ги држи конците во своите раце.

Кариера

Денеска веројатно ништо нема да ви оди од рака. Помирете се со тоа и почекајте до утре , кога се ќе ви изгледа подобро.

Здравје

Имунитетот и натаму ви е слаб.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе поминува денот , се повеќе ќе ви станува јасно колку се сакате , но кај вас ќе расте и потребата за доминација над партнерот.

Кариера

Студентите нека бидат внимателни и нека не се залетуваат. За другите вообичаен ден.

Здравје

Мали емотивни турбуленции.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате силна поврзаност со семејството . Ќе имате потреба да останете дома и да уживате.

Кариера

Би било добро да го одложите деловното патување – барем до утре. Ако морате да патувате , сметајте на проблеми во транспортот .

Здравје

Сакате промени.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони подлабоко да ги проучите своите приватни односи. Некои ќе се решат да постават нови насоки и граници.

Кариера

Опасноста мина и повторно можете да соработувате без грижи. На дневен ред доаѓаат финансиските теми.

Здравје

Пад на имунитетот.

Полска тврди дека НАТО прави планови за соборување на руски проектили

НАТО ги разгледува плановите за соборување руски ракети доколку се приближат до границите на алијансата, тврди Полска, откако проектил залутал во нејзиниот воздушен простор.

Анджеј Шејна, заменик-министер за надворешни работи на Полска, изјави за локална радио станица дека „различни концепти се анализираат во рамките на НАТО... вклучително и соборување на такви проектили кога тие се многу блиску до границата на Алијансата“,пишува Телеграф.

„Но, тоа би морало да се случи со согласност на украинската страна и земајќи ги предвид меѓународните последици“, додаде тој.

Во неделата вечерта, Варшава соопшти дека руската крстосувачка ракета истрелана на цел во западна Украина поминала околу 1,6 километри во полскиот воздушен простор, поминувајќи 39 секунди.

Полското Министерство за одбрана ги активираше системите за противвоздушна одбрана и борбените авиони на НАТО, Ф-16 откако објектот залута преку границата на Алијансата во близина на Осердово, село во земјоделски регион во близина на границата со Украина.

Крстосувачките проектили можат да ја променат својата траекторија во воздух за да избегнат одбранбени системи.

Владислав Косинијак-Камис, полскиот министер за одбрана, подоцна им изјави на новинарите дека проектилот би бил соборен доколку имало знаци дека се движи кон цел во Полска.

Една од опциите за одбрана е да се соборат ракетите пред да преминат од Украина во воздушниот простор на НАТО. Сепак, ова може да го искористи Москва како оправдување за ескалација во поширок конфликт надвор од границите на Украина.

Претходните лансирања на руски ракети и беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО останаа без одговор, и покрај сугестиите дека членот 5 на алијансата за взаемна одбрана може да биде активиран како одговор на таков инцидент.

Во вторникот САД објавија дека се подготвени да ги исполнат обврските кон НАТО и да ја бранат Алијансата во случај на напад.

Запрашана за изјавите на Полска, Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон, рече: „Она што го зборуваше администрацијата е дека ќе ја браниме секоја педа од НАТО“.

Хјундаи во наредните три години ќе инвестира 47 милијарди евра, пред сѐ за електрични возила

Компанијата Хјундаи денеска објави дека ќе инвестира 68 трилиони вони (околу 47 милијарди евра) во текот на три години во Јужна Кореја, главно за да го зголеми производството на електрични возила (ЕВ) и да вработи 80.000 нови работници во секторот.

Јужнокорејската компанија наведува дека повеќе од половина од таа инвестиција ќе биде наменета за електрични возила, односно за нова истражувачка и развојна инфраструктура, како и производствени линии, пренесе Ројтерс.

Агенцијата забележува дека зголемувањето на инвестициите се случува во време кога другите етаблирани производители на автомобили го намалуваат производството.

Главниот оперативен директор на Hyundai, Хозе Муњоз, на саемот за автомобили во Њујорк најави дека бројот на електрични возила ќе се удвои.

„Многу сме посветени на пазарот на Соединетите Американски Држави“, истакна тој.

Hyundai во ноември објави дека инвестира 11,6 милијарди евра во нови посебни капацитети за производство на електрични возила и батерии во Грузија, што е најголема инвестиција надвор од Јужна Кореја.

Додека јужнокорејската компанија ги зголемува инвестициите во електрични возила, конкурентските производители на автомобили планираат да го намалат производството на ЕВ и да го префрлат капиталот главно на хибридни модели.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

притисни ентер