Абрамович за 3 милијарди евра го продава Челзи??

Најбогатиот Британец сер Џим Ретклиф е во сериозно преговори за купување на англискиот фудбалски гигант Челзи.

Според британските медиуми Ретклиф е сериозно заинтересиран за купување на Челзи, но засега не се согласува со сумата која актуелниот сопственик на сините од Лондон, Абрамовиќ ја бара.

Рускиот милијардер наводно за Челзи бара 2,5 милијарди фунти, (скоро 3 милијарди евра).

Сер Џим Ретклиф чие богатство се проценува на 21 милијарда фунти е сопственик на многу компании, како и на сезонски влезници за натпреварите на Челзи.

Роман Абрамович инаку, го купи Челзи „за само“ 160 милиони евра, по што со многу вложувања го издигна клубот во рангот на најголемите фудбалски клубови во Европа и светот. Но, во последно време рускиот тајкун поради политички проблеми се дистанцира од клубот од северен Лондон.

Најбогатиот Британец во моментов не е подготвен за понуди 3 милијарди евра за Челзи од причини што со неговото доаѓање во Челзи би барал изградба на нов стадион и многу реновирања.

Дани Алвеш повторно ќе соработува со Пеп

Бразилецот Дани Алвеш дефинитивно го напушти богатиот ПСЖ , по две години на „Паркот на принцовите“ во Парис, поранешниот ас на Барселона одлучи да ја промени средината.

36 годишниот Алвеш одлучи да направи уште еден чекор во  долгата и богата кариера и да заигра во англиската Премиер лига.

Иако веќе долго е навлезен во четвртата деценија од живото Алвеш  реши по истекот на договорот да се раздели со богатиот Пари Сен Жермен и по Шпанија, Италија и Франција да се проба и во Англија.

Новиот клуб на извонредниот десен бек би требало да биде шампионот Манчестер Сити каде Алвеш повторно ќе соработува со Пеп Гвардиола.

Нејмар ќе стори се само да се врати во Барселона

Најскапиот светски фудбалер, Бразилецот Нејмар е подготвен да направи сѐ што е потребно за да се врати во Барселона во лето.

Бразилската  фудбалскска ѕвезда  за да се врати на „Камп Ноу“ е подготвен и јавно да се извини на навивачите, информира порталот „Спорт.ес“.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Каталонија која ја напушти во 2017 година.

Сепак, за да се случи тоа потребна е дозвола и од францускиот шампион ПСЖ кој се уште не е подготвен да го ослободи Бразилецот и покрај неговата желба. 

Србија по тешка борба ја победи Хрватска во Белград (ВИДЕО)

Во тензична атмосфера и со исвиркување на хрватската химна на почетокот на мечот , во Белград се одржа финалниот меч на Светската лига во Ватерполо.

Со погодок на 17 секунди до крајот , Србија ја победи хрватската екипа , која е актуелен светски првак. Српските ватерполисти се олимписки и европски шампиони.

Во базенот на Ташмајдан се водеше вистинска битка , како и на трибините , каде навивачите на двете екипи беа одвоени со силно полициско обезбедување.

На крај со резултат од 12 : 11 победија српските ватерполисти , по што хрвбатските навивачи набрзина беа изнесени од салата за да се избегне инцидент.

притисни ентер