Абрамович го продава Челзи , сака да го купи навивач на Јунајтед

Лондонски Тајмс објави дека рускиот милијардер Роман Абрамович сака да го пордаде фудбалскиот клуб Челзи.

Како купувач се спомнува сер Џим Ретклиф , кој освен што е најбогатиот Британец , кој теѓи 21 милијарда фунти , од мал навива за Манчестер Јунајтед. Тој уште минатото лето разговарал со Абрамович за преземање на Челзи , но Русинот не сакал да го продаде за две милијарди фунти колку што му нудел Британецот.

Иако од мал навива за Јунајтед , Сер Ретклиф годинава купил годишен билет за Станфорд Бриџ , за да покаже дека му е приврзан на Челзи.

Според Тајмс , Абрамович и Ретклиф последните неколку недели повторно се договараат . Наводно , Абрамович бара 2,5 милијарди фунти , што за ретклиф е премногу зашто ќе треба да ја плати и реконструкцијата на стадионот , вредна 600 милиони фунти.

Абрамович го купи Челзи во 2003 година за само 140 милиони фунти и од просечен англиски клуб направи еден од најмоќните клубови на светот.

Дани Алвеш повторно ќе соработува со Пеп

Бразилецот Дани Алвеш дефинитивно го напушти богатиот ПСЖ , по две години на „Паркот на принцовите“ во Парис, поранешниот ас на Барселона одлучи да ја промени средината.

36 годишниот Алвеш одлучи да направи уште еден чекор во  долгата и богата кариера и да заигра во англиската Премиер лига.

Иако веќе долго е навлезен во четвртата деценија од живото Алвеш  реши по истекот на договорот да се раздели со богатиот Пари Сен Жермен и по Шпанија, Италија и Франција да се проба и во Англија.

Новиот клуб на извонредниот десен бек би требало да биде шампионот Манчестер Сити каде Алвеш повторно ќе соработува со Пеп Гвардиола.

Нејмар ќе стори се само да се врати во Барселона

Најскапиот светски фудбалер, Бразилецот Нејмар е подготвен да направи сѐ што е потребно за да се врати во Барселона во лето.

Бразилската  фудбалскска ѕвезда  за да се врати на „Камп Ноу“ е подготвен и јавно да се извини на навивачите, информира порталот „Спорт.ес“.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Каталонија која ја напушти во 2017 година.

Сепак, за да се случи тоа потребна е дозвола и од францускиот шампион ПСЖ кој се уште не е подготвен да го ослободи Бразилецот и покрај неговата желба. 

Србија по тешка борба ја победи Хрватска во Белград (ВИДЕО)

Во тензична атмосфера и со исвиркување на хрватската химна на почетокот на мечот , во Белград се одржа финалниот меч на Светската лига во Ватерполо.

Со погодок на 17 секунди до крајот , Србија ја победи хрватската екипа , која е актуелен светски првак. Српските ватерполисти се олимписки и европски шампиони.

Во базенот на Ташмајдан се водеше вистинска битка , како и на трибините , каде навивачите на двете екипи беа одвоени со силно полициско обезбедување.

На крај со резултат од 12 : 11 победија српските ватерполисти , по што хрвбатските навивачи набрзина беа изнесени од салата за да се избегне инцидент.

притисни ентер