Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, оствари низа средби со високи американски функционери при неговата посета на Вашингтон.

Освен за билатералните односи и состојбата во регионот, станало збор и за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Кумуцакос, имал средби со новиот помошникот државен секретар Филип Рикер, со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер, како и со Јури Ким, шефот на Директоратот на Стејт департментот за Југоисточна Европа.

Во однос на Договорот од Преспа, според грчката новинска агенција АНА-МПА, Кумуцакос на средбите ја повторил цврстата позиција на Нова демократија дека станува збор за штетен договор и истакнал дека не е урамнотежен затоа што Република Северна Македонија е единствената страна што има конкретна корист преку интеграцијата во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

-За жал не постои нешто конкретно и материјално, што грчките граѓани ќе го видат како позитивен резултат од овој договор. И ова треба да се излечи и е еден од големите залози за следната влада на Нова демократија, за да се справи со негативните последици и да создаде конкретна политика во корист на интересите на земјата, рекол Кумуцакос./МИА.

Американска сенаторка е уапсена под сомнение дека извршила кражба во куќа (ВИДЕО)

Сенаторката на американската сојузна држава Минесота,  Никол Мичел (49) од градот Вудбери е уапсена под сомнение за кражба, соопшти полицијата на округот Детроит Лејкс.

Диспечерите примиле повик околу 4:45 часот во понеделникот од сопственикот на куќата, кој пријавил „провална кражба во тек“, а полицијата пристигнала на местото и ја уапсила Мичел, пренесува ABC News.

Не е познато дали Мичел имала задржано адвокат, а таа е уапсена додека Сенатот е на одмор до вторник поради празникот Пасха.

Според ABC News, нејзиното апсење дојде во незгодно време за демократите во Сенатот, кои имаат предност од еден сенатор во однос на републиканците, така што нејзиното отсуство може да биде проблем во донесувањето на законите доколку недостига поддршка од двете партии.

Пред да биде избрана за сенатор во 2022 година, Мичел работела како метеоролог за Армијата на САД, како и за ТВ КСТП и Јавното радио на Минесота.

Таа сè уште има чин потполковник во Воздухопловната национална гарда и е командант на метеоролошката единица.

Маќеата на Мичел живее на истиот блок куќи во Детроит Лејкс, каде што била уапсена сенаторката, според ABC News.

Агелер: Ништо нема да се постигне со негласање

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија Анџела Агелер на официјалниот фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.

-Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи... мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање, стои во пораката на aмбасадорката Агелер.

Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори, на кои во трката за Вила Водно се седум кандидати. Вториот круг заедно со Парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.

Брачна двојка се пофалиле со патување од соништата, па добиле телефонска сметка од 134.000 евра

Рене Ремунд и неговата сопруга ќе го паметат своето патување во Швајцарија, не само по магичните и колоритни пејзажи, туку и по телефонската сметка што ја добиле при враќањето дома.

Сопружниците често патуваат, а тврдат дека секогаш го известуваат мобилниот оператор пред да ја напуштат земјата. Велат дека истото го направиле и овој пат.

Рене наведува дека истиот оператор го користи веќе 30 години.

„Отидовме во филијалата и го изготвивме планот за патување. Рекоа дека сме покриени. Што и да значи тоа, вие сте покриени“, изјави тој за локалните медиуми.

Сопружниците пристигнале во Швајцарија, посетувале различни локации и испраќале пораки/фотографии до пријателите и семејството за да се покажат.

Откако се вратиле на Флорида, каде што живеат, добиле телефонска сметка, пренесува ABC Action News.

На почетокот Рене мислел дека пишува 143 долари, но неколку дена подоцна ја открил вистинската сума. Компанијата му наплатила 143.000 долари, бидејќи користел 9,5 гигабајти во странство, односно за роаминг.

„Се јавив на операторот и му кажав што е проблемот. Ме ставија на чекање, а потоа ме известија дека сметката е добра. Што сакаш да кажеш под добра, прашав. Ми одговорија дека толку должам“, изјавил Рене.

Човекот ангажирал адвокат кој директно му пишал на претседателот на компанијата, но тврди дека не добил одговор. Потоа контактирале со медиумите.

Новинарите се јавиле кај операторот и го објасниле случајот, а Рене добил уште еден повик неколку дена подоцна.

„Тие рекоа дека ќе ја кредитираат целата сума и да не се грижам“, рече Рене, заблагодарувајќи им се на медиумите за помошта.

Мобилниот оператор испратил и официјално соопштение во кое се вели:

„Препорачуваме клиентите да ги проверуваат информациите додека патуваат, како што е меѓународниот роаминг на податоци. Ако сте на постар план кој не вклучува меѓународен роаминг, ќе треба да користите Авионски режим и Wi-Fi за да бидете сигурни дека вашиот уред не е поврзан на странска мрежа“.

притисни ентер