Тридневна конференција за компјутерска графика, анимација и 3Д

 Конференција за компјутерска графика, анимација и 3Д ќе се одржи од денеска до 24 март во Младинскиот културен центар (МКЦ), а организатор е М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн, информираат од Академијата.

„M3Conference" е тридневна конференција што има за цел да ги соедини дел од глобалните лидери во технологијата, иновациите и бизнисот. Најголемите влијателни личности од светот на компјутерската графика, вклучувајќи ги 3Д областа, анимацијата, филмската продукција, производството на игри, виртуелната реалност, доаѓајќи од врвни компании и студија, ќе ги споделат своите искуства на темите за кои важат за експерти на интернационално ниво. Воедно, ќе ги советуваат учесниците за компјутерската анимација, моделирањето, гејминг-индустријата и филмската индустрија, како и останатите сродни области.

Со оваа конференција секој почетник или професионалец кој е ориентиран кон ова поле ќе ги подобри своите вештини за тимска работа, нивната продуктивност и ефективност во работата ќе бидат зголемени, а тоа ќе биде постигнато токму преку лекциите на врвните светски лидери, кои ќе ги споделат нивните искуства од работата на едни од најпознатите видео игри и филмови.

Дел од спикерите на конференцијата се: Ерик Смит, директор на фотографија на Pixar Animation Studios, Горан Кочов, водечки Layout Artist во Lucas Films, Еди Бенун, Art Director на Assassin’s Creed Origins во Ubisoft, Џ. К. Корнвел, директор за обука и развој на уметници во DreamWorks Animations, Joshua Beveridge, супервизор за анимација на Sony Pictures – ImageWorks , Михајло Димитриевски – Тхе Мичо – еден од најпознатите илустратори и стрип-цртачи во Македонија и пошироко, Hugo Guerra Director & VFX Supervisor со многубројни светски проекти во своето резиме, Никола Дамјанов – Lead Game Artist (Substance Designer) во Nordeus и Ран Манолов – карактер уметник / VFX супервизор во WWFX – Creature/character артист, се наведува во соопштението од М3ДС Академијата.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва

Глумецот Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во московската концертна сала „Крокус“, кои се наоѓаат во Националниот медицинско-хируршки центар „Н.И. Пирогов“, соопшти Министерството за здравство на Русија.

- Овој напад е страшна трагедија што не требаше да се случи. Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да му се прави на ниту еден народ, а да остане неказнето, изјави Сигал.

Според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, во нападот загинале 143 лица. Како што соопшти денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години.

Нападот на „Крокус сити хол“ во Красногорск, предградие на Москва, се случи во петокот вечерта, кога неколку вооружени терористи во маскирни униформи влегле во објектот и отвориле оган врз присутните лица. Тие активирале и експлозивни направи на повеќе места, што предизвикало пожар, поради што се урнал покривот, а салата изгоре целосно.

Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите

Москва не бара конфронтација со американските вазали во Источна Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Неколку западни функционери се обидоа да соберат поддршка за поголема помош за Украина тврдејќи дека Москва нема да запре доколку Киев биде поразен на бојното поле. Путин се осврна на овие тврдења за време на посетата на воздухопловната база Торжок во Тверската област.

- Тоа е бесмислица, рече рускиот претседател, укажувајќи на нееднаквоста во трошоците за одбрана на Русија и буџетите на војската на НАТО.

- Тврдењата дека по Украина ќе ја нападнеме Европа – тоа е целосна бесмислица и заплашување на сопственото население само за да извлечат пари од нив, рече Путин.

„Американските сателити“ во Источна Европа немаат причина за страв, додаде Путин. Според него, разговорот за потенцијален руски напад врз Полска, Чешка или балтичките земји е само пропаганда на владите кои настојуваат да ги исплашат своите граѓани „да извлечат дополнителни трошоци од народот, за да ги натераат да го носат овој товар на своите плеќи“.

- НАТО се шири кон руските граници, а не обратно, рече Путин, додавајќи дека Русија само „го штити својот народ на неговите историски територии“.

- Тие дојдоа точно до нашите граници. Дали ние отидовме преку океанот до границите на САД? Не, тие ни се доближуваат и многу блиску се приближија, рече тој.

притисни ентер