Порше успешно ја заврши минатата година – секој работник ќе добие по 9 700 евра бонус

Порше минатата година ја заврши со рекордна добивка, така што секој работник ќе добие бонус.

Во компанијата Порше се исклучително горди на своите работници. Секој од нив на банкарската сметка ќе добие по 9 000 евра за исполнување на нормата , а другиот бонус во изност од 700 евра за во пензискиот фонд на секој од вработените.

Тоа значи дека сите 25 000 работници добиваат по 9 700 евра , а парите ќе им легнат на сметките со платата за април. И лани работниците на Порше за добро завршената работа во 2017 добија бонус од 9 656 евра.

Минатата година компанијата има за 4%повеќе испорачани автомобили, односно 256 255 , а при тоа приходите се зголемени за 10% на 25,8 милијарди евра.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полскиот парламент го реформира Уставниот трибунал

Полските пратеници почнаа дебата за реформирање на Уставниот трибунал, откако претходната влада ги смени функциите на институцијата.

Критичарите на минатите реформи тврдат дека тие ја поткопале независноста на судството. Новите реформи се услов кој го постави ЕУ да добие милијарди евра од европските фондови.

Брисел одлучи да ги ослободи блокираните средства, иако владата на проевропскиот премиер Доналд Туск не ги заврши потребните реформи.

Уставниот трибунал беше клучна тема по прашањето за судската власт за претходната Влада на партијата „Право и правда“. Функцијата на овој суд е да одлучува за законитоста на донесените закони. /МИА

притисни ентер