Виз ер Скопски маратон на 4 мај во Скопје

Виз ер Скопскиот маратон ќе се одржи на 4 мај во Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Заинтересираните за учество во маратонот може да се пријават на официјалната веб страна на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/.

Во врска со 15-тото јубилејно издание тимот на Виз ер Скопски маратон, Сојузот на спортови на Град Скопје информира дека штафетниот маратон ќе биде со име „Штафетен маратон – ЕУ за спорт" под покровителството на ЕУ. Ќе бидат организирани бесплатни групни тренинзи што ќе ги водат познати атлетичари Сашо Даневски, Кокан Ајановски и Весна Кираџиева.

Сите заинтересирани кои сакаат да добијат маица во стартниот пакет ќе мора да се пријават најдоцна до 31 март, а после овој датум не следува маица во стартниот пакет. Истиот датум е краен рок и за оние што сакаат нивното име да им биде испишано на стартниот број.

Традиционално, како и минатите години, сите учесници ќе добијат 20 евра вредносен ваучер од насловниот спонзор, Виз ер.

Од Сојузот на спортови наведуваат дека изминатиот викенд патеката била измерена од страна на стручно лице на ИААФ и АИМС со што Виз ер Скопскиот маратон го обновува постоечкиот сертификат за точноста на патеката и истата ги исполнува сите стандарди за исполнување на норми за учество на олимписки норми и светски првенства.

Ковачки: Со Платформата 1198 ќе го развиваме истокот на Македонија

Изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица.

Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица.

Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво.

Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Во Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Решат Амети

,,Во потрага по светлината", е насловена изложбата на дела, од ликовниот уметник Решат Амети, што синоќа беше отворена во Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци. 

Директорката на Домот, Јулијана Туриманџова информираше дека тој работи како професор по сликарство, на Факултетот за ликовна уметност при Државниот универзитет во Тетово.

- Решат Амети е меѓународно признат уметник, носител на наградата за животно дело за уметност и култура, како и многу други награди и признанија од меѓународен и домашен карактер. Неговите уметнички дела се во сопственост на многу музеи, културни институции и приватни колекции на светски познати личности како добитници на Нобелова награда, светски познати писатели, претседатели на држави и слично, соопшти Туриманџова.

Имал над 70 самостојни изложби, организирани претежно во странство, а учествувал и во над 300 групни изложби, локални и меѓународни.

Ликовниот уметник Владимир Темков, за Амети рече дека е човек што ја промовира македонската уметност ширум светот.

Климе Коробар, историчар на уметност и ликовен критичар, подвлече, дека, за сликарството на Амети, можеме слободно да кажеме дека тоа не е одраз на надворешната реалност, туку преставува внатрешна слика на душата.

- Неговите имагинарни предели на душата тежнеат кон убавина, која гледачот треба да ја впие во себе, за да може да го почуствува величествениот момент на светлината. Затоа што, само преку нејзе, можеме да го осознаеме светот што не опкружува, но и духовниот свет кој ги осветлува нашите души, на што целосно му е посветено сликарстрвото на Решат Амети, додаде Коробар.

Таравари од Берлин: Дијаспората знае да се сензибилизира за промени

Стотици сограѓани синоќа го пречекаа кандидатот за претседател Арбен Таравар во знак на поддршка за промената што ја вети коалицијата ВЛЕН.

А токму гледајќи ја волјата за промени, Таравари од овој централен собир со дијаспората истакна дека ниту еден политички процес не е направен без дијаспората бидејќи тие знаат да се сензибилизираат за да ја направат промената. Затоа, според него, нема дилема дека тоа ќе се докаже на 24 април и 8 мај.

„Немаше важен процес во Македонија што се одвиваше без дијаспората, почнувајќи од првото политичко движење. Тетовскиот Универзитет беше невозможен проект без поддршка од дијаспората, исто така до формирањето на партијата која сега е на власт, како што сте сега посветени од дијаспората да ја смените истата партија. Двапати се натпреварував во Гостивар и дојдоа значителен број на луѓе од диаспората. Тие го сензибилизираат населението и покажуваат колку е важно да се гласа за да се направи промена. Ние се приклучивме и го направивме нашето, вие продолжите да ја работите својата работа, да гласате за политичката ротација што треба да се случи во Северна Македонија. На овој начин овозможуваме дел да се врати да живее Северна Македонија. Можете да комуницирате со луѓето, да побарате да не поддржат на 24 април, бидејќи 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“ – истакна Арбен Таравари на централниот митинг со дијаспората во Берлин.

притисни ентер