Ѓулпери

Од понеделник до петок во 21:30 часот - само на Канал 5 - серијата „Ѓулпери“, емотивна семејна драма за незадржливата љубов на една мајка.

Се викам Ѓулпери. Јас сум сопруга, и мајка на три деца. Мајчинството е најважната улога во мојот живот. Хасан и Бедрије ми се близнаци, а Џан е моето сугаре.

На моја голема несреќа, сопругот не сум го видела веќе пет години. Исчезна, и  никој не знае каде е. Дали е жив или мртов, не знам ни јас, но се надевам дека еден ден ќе ни се врати...

 Моите деца, веќе пет години  растат без татко им, а јас на секој можен начин се обидувам да им ја пополнам таа празнина...

Хасан се труди да ја преземе улогата на татко во куќата. Учи од дедо му и строго се однесува, особено кон сестра му Бедрије.

Бедрије е вистинска убавица, нели? А Џан е се'уште многу мал, но сонцето мое веќе знае да брои и пишува. И најмногу сака да се бања во амамот...

А што правам јас сиве овие пет години без сопруг? Самувам затворена во куќата на мојот свекор Јакуп и свекрва ми Фатма и се трудам да им угодам, но попусто. Никогаш не ме засакаа...

Ете затоа сонувам да заработам доволно и да можам да заминам со децата од таа куќа. По цели денови шијам и ги штедам сите пари што ги заработувам.

Но мојот сон и сите мои желби и надежи за животот се скршија во еден единствен миг, кога отсуството на домашните, девер ми Еждер го искористи за да ме силува!

Не му дозволив, и завршив во затвор!

Деновите минати во затвор беа тешки како години....

Единствената светла точка, беше писмото од мојот Џан...

После тоа, веќе не слушнав ништо за моите деца. Со денови чекав, ги барав на телефон, но безуспешно...

Но дојде и тој ден. Денот за слобода, зашто ја отслужив казната.. Уф, колку силно ми трепереше срцето, од возбуда што повторно ќе бидам со моите деца.

Но не излезе така..

Ме испратија во Истанбул без моите чеда... 

Но зарем мислите дека јас би се откажала од нив?

Многу бев тажна и разочарана што

децата ги свртеа против мене. Им изнакажале секакви лаги за мене, само за да ме оцрнат и направат лоша мајка во нивните очи .

Но, и покрај се', јас не се откажувам!  Јас сум Ѓулпери! Јас сум  мајка! И ќе се борам до крај!

притисни ентер