Потребни состојки:
за пандишпан: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици мелени ореви и 3 лажици брашно.
за крем: 600 мл. млеко, 170 гр. шеќер, 2 пудинга од ванила, 100 гр. маргарин и 100 гр. чоколада.
за смеса за салама: 200 гр. ореви, 150 гр. бисквити, 150 гр. шеќер во прав, 1 филџан млеко, 100 гр. маргарин, 100 гр. чоколада и 2 лажици рум.
Постапка:
Во подлабок сад се матат со миксер 6 јајца и се додаваат 6 лажици шеќер.
Потоа се додаваат 6 лажици мелени ореви и 3 лажици брашно.
Состојките добро се мешаат и добиената смеса се распоредува во плех со готварска хартија.
Се пече во загреана рерна 15 минути на 200 степени.
Во тенџере со 600 мл. млеко се става 170 гр. шеќер и 2 пудинга од ванила и се вари се додека не се згусти пудингот.
Во друго тенџере на оган се ставаат: 150 гр. шеќер во прав, 200 гр. мелени ореви, 100 гр. маргарин и 1 филџан млеко.
Состојките се варат и потоа се додава 100 гр. чоколада.
Откако ќе се стопи чоколадата, тенџерето се трга од оган и се додаваат 150 гр. мелени бискити.
Сите состојки, заедно со 2 лажици рум треба добро да се измешаат.
Од добиена смеса со фолија се формира салама која се остава да се излади во фрижидер.
Во подлабок сад со миксер се мати изладениот пудинг и маргарин.
Добиената смеса се дели на два дела.
Во едниот дел се додава 100 гр. стопена чоколада, а другиот останува жолт.
На пандишпанот се нанесува чоколадниот фил на целата површина, а врз него жолтиот фил.
Врз нив се става саламата и се витка ролат.
Ролатот се става во фрижидер да се стегне и потоа се филува со чоколада или крем по желба.