Финални спортски натпревари на екипите од средните скопски училишта

Средношколските екипи од Скопје учествуваа на финалните натпревари на градскиот Фајнлфор за учебната 2018/2019 што денеска се играа во спортскиот центар „Борис Трајковски".

Се натпреваруваа осум лиги во четири колективни спортови: ракомет, одбојка, кошарка и футсал, во машка и во женска конкуренција.

Прво место во футсал освоија средношколските екипи на „Цветан Димов" (мажи) и „Методи Митевски-Брицо" (жени); во ракомет првопласирани се „Д-р Панче Караѓозов" (мажи) и „Никола Карев" (жени); гимназијата „Орце Николов" е на прво место во кошарка во машка и во женска конкуренција, а во одбојка првото место го освоија „Методи Митевски-Брицо" (мажи) и „Раде Јовчевски-Корчагин" (жени).

На натпреварот во одбојка во женска конкуренција присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов кој изјави дека Град Скопје секогаш ќе ги поддржува учениците, нивните потреби и желби. Рече дека за да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти, Градот воведе стипендирање на средношколци на подрачјето на Скопје.

-Годинава додели 105 стипендии, лани 100, во висина од 3.000 денари месечно, за осум месеци, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје. Најдобрите екипи од средношколските лиги годинава ќе одат во Подгорица во средината на мај, изјави Шилегов.

За поттикнување и наградување на спортот во средните училишта, Градот обезбеди средства што се наменети за посета на најдобрите градски репрезентации на средните училишта во колективните спортови во еден од збратимените градови на Град Скопје. Досега средношколците имаа гостувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија, Белград и Нирнберг, а за оваа година обезбедени се буџетски средства за патување во збратимениот град Подгорица за најдобрите средношколски екипи во футсал, одбојка, ракомет и кошарка, во женска и во машка конкуренција.

За организација и реализација на средноучилишниот спорт во главниот град, Град Скопје годинава одвои 3.500.000 денари. Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1 000 натпревари во кои се вклучија околу 7 000 ученици од 29 средни скопски училишта.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер