Се одржа првото Државно првенство за ветерани во џудо

Првото Државно првенство за ветерани во џудо во историјата на Македонија ги врати македонските џудо ветерани, поранешни шампиони, актуелните тренери и долгогодишни вљубеници во џудото на татамите.

Обединети од желбата заеднички да помогнат во промоцијата на македонското џудо, особено кај помладите, ветераните понудија сосема интересни борби, со многу атрактивни потези, кои дополнително ја зголемија атмосферата во спортската сала „Ристе Ристески - Ричко" во Прилеп.

Маке Спиркоски беше најдобар во категоријата до 81 килограм, Киро Здравески заврши како втор, додека Диме Џагадуроски беше третопласиран во оваа тежинска категорија. Во категоријата до 90 килограми триумфираше Горан Мицковски пред Рубин Пеески и Никола Божиновски. Во најтешката категорија, за џудисти над сто килограми првото место му припадна на Марјан Колев, втор беше Дејан Џикоски, а трет заврши Мето Ангелов.

„Како претседател на натпреваувачката комисија се радувам што еве и оваа старосна категорија доби Државен натпревар и секако во иднина масовноста ќе биде значително зголемена и сакам да го поздравам иницијативниот одбор на ветераните од градот Прилеп на чело со претседателот на одборот Киро Здравески кои со своите активности во изминатиот период придонесоа за реализација на иницијативата и одржување на првото Државно првенство за ветерани" - рече меѓу другото претседателот на натпреварувачката комисија Никола Божиновски.

Покрај Државното првенство за ветерани, на 14 април, во Прилеп се оддржа и редовното Државно првенство за кадети и кадетки.

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција, јавува EMSC.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени се случил на 39 километри јужно од Турхал, на длабочина од осум километри.

Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.

Почнува кампањата за парламентарните избори

Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за парламентарните избори...

Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните денови... Пред Собранието и во овие вести ја имаме Јана Јосифоска.

Јана за неколку часа почнуваат митинзите на двете најголеми политички партии, партиските лидери веќе ги испратија првите пораки?

Македонката Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот во избор на Тајмс

Светлана Мојсов од Универзитетот Рокфелер е именувана на листата на „Тајм 100“ за највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит на уметници, иноватори, лидери и пионери во различни области.

Научниот вонреден професор, Мојсов беше именувана на листата за нејзините револуционерни откритија за цревниот хормон што го регулира шеќерот во крвта наречен GLP-1, кој го отвори патот за блокбастер лековите за дијабетес и дебелина Ozempic, Victoza и Wegovy. Овие таканаречени GLP-1 агонисти ја трансформираа клиничката грижа за управување со шеќерот во крвта и губење на тежината.

Мојсов почнал да го истражува дијабетесот во Универзитетот Рокфелер како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд. Во 1980-тите, таа се преселила во Општата болница во Масачусетс, каде што започнала да го истражува тогаш мистериозниот GLP-1 (пептид 1 сличен на глукагон). Таа беше првата што ја идентификуваше биолошки активната секвенца на GLP-1, скриена во неговата целосна низа од 37 амино киселини.

Во соработка со други, Мојсов продолжи да докажува дека GLP-1 предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот, работа што доведе директно до терапевтски развој на агонисти на GLP-1. Фактот што оваа нова класа на лекови сега ја користат милиони луѓе е многу среќна, таа вели: „Тоа ме прави да се чувствувам професионално и лично исполнето“, објави Универзитетот Рокфелер во САД.

притисни ентер