Самсоненко се повлекува од РК Вардар

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко преку пишано соопштение најави дека од следната сезона нема да биде во можност да продолжи со финансирањето на Ракометниот клуб „Вардар“.

Тој ги повикува македонските бизнисмени да се приклучат кон финансирањето на ракометниот клуб.

– Од седуммте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот – пишува Самсоненко.

Тој вели дека добил ветувања дека за кратко ќе добие помош за ракометот, но дека помошта ја нема.

Се вратил во репрезентацијата откако лично претседателот го замолил

Легендарниот фудбалер по потекло од Гана, Асамоа Гијан пред неколку дена во големо соопштение објави дека ја напушта репрезентацијата на неговата родна земја.

Причината за ваквиот став на фудбалерот е тоа што бил навреден. Иако 32- годишниот фудбалер треба да игра на Африканскиот куп во јули , тој реши да ја напушти репрезентацијата.

Тој е во добра форма и игра за турскиот клуб Кајсериспор , каде на последните два натревара даде три гола. Гијан се навредил кога дознал декакапитен на репрезентацијата ќе биде Андре Аве.

Сепак , денеска дојде до пресврт. Претседателот на Гана, Нана Акуфо- Адо побарал да разговара со фудбалерот и го замолил да ја проголта гордоста и да настапи за државниот дрес. По тоа , Гијан се предомислил и изјави дека е подготвен да му одговори на селекторот.

На 22 годишна возраст се пензионира светската и олимписка пливачка шампионка

Олимписката и светска шампионка во пливање , Литванката , Рута Мелутитие , која лани призна дека страда од депресија , денеска објави дека заминува во пензија.

,,Подготвена сум да ортворам ново поглавје во животот. Им балгодарам на сите кои ме поддржаа на тој пат.” , објави спортистката во соопштението и објасни дека сака да студира и да ужива во едноставните работи , да се запознае подобро себеси и светот.

Таа на 15 годишна возраст доби златен олимписки медал на Олимпијадата во Лондон на 100 метри градно , а следната година злато и на Светското првенство во Барселона во истата дисциплина.

Но , минатата година Рута , која е од Каунас , призна дека боледува од депресија.

Ѓоковиќ: Не сум Федерер, не знам што тој сака

Во финалето на Мастерсот во Рим , Надал го победи Ѓоковиќ и најави дека е во форма пред Ролан Гарос.

Се уште се зборува за условите во Рим и дека тенисерите настапувале во тешки услови. Поради дождот , некои играчи морале да играат и по два натпревара дневно. Во текот на турнирот новинарите го прашаа Ѓоковиќ што би направил ако треба како Федерер да игра по два натпревара во еден ден. На тоа Ноле им одоговори:

,, Јас не сум Федерер , така што не можам да одговорам на тоа прашање. Не знам што нему повеќе му се допаѓа и што сака. Лично сакам да го почнам турнирот порано , на пример во вторник. Бидејќи играв во финалето на турнирот во Мадрид , логично е што ме ставија во среда.” , рече Ѓоковиќ и додаде во врска со временските услови.

,,Несреќа е кога цел ден на турнир имате дожд. Некогаш знае да врне од утро до мрак , па има многу компликации . Можеби да се направи носителите да играат во вторник. Но се е под можеби.”, заврши Ѓоковиќ.

притисни ентер