Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата

 Меѓународната набљудувачка мисија за изборите ОБСЕ/ОДИХР вкупно ќе вклучува 240 набљудувачи. 

Tие ќе бидат распоредени рамномерно насекаде низ државата, со цел да се овозможи репрезентативен и непристрасен примерок, врз кој ќе ги дадеме нашите оценки, вели во интервју за МИА шефицата на Мисијата за набљудување на претседателските избри на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер.

Јонкер ги повикува кандидатите и политичките партии да ја известат Мисијата доколку во текот на изборниот ден се појават конкретни проблеми.

Во интервјуто за МИА, Јонкер не сака да дава предвремени оценки за денот на изборите, и како што вели, тие се тука за да набљудуваат и да известуваат за тоа што ќе го согледаат.

Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР како што првично најавивте, ќе ги покрива претседателските избори со 279 набљудувачи. Дали сите пристигнаа во земјава?

-Меѓународната набљудувачка мисија за изборите вкупно ќе вклучува 240 набљудувачи. Мисијата се состои од различни групи на набљудувачи –краткорочни набљудувачи испратени од земјите-членки на ОБСЕ, и тие се најголемата група што е составена од 150 набљудувачи. Тие пристигнаа во земјава во средата, и ќе бидат брифирани денеска и утре. Нас исто така ќе ни се приклучат и две парламентарни собранија, Парламентарното собрание на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тие вклучуваат вкупно 60 набљудувачи и ќе бидат брифирани денеска и во сабота наутро пред да бидат распоредени низ државата сите набљудувачи. Заедно со нашиот главен тим од експерти и долгорочните набљудувачи, кои пристигнаа во земјава пред околу четири-пет недели, ќе имаме 240 набљудувачи, како што споменав на почетокот.

Каде ќе бидат распоредени? Дали има критични места за кои сметате дека треба да има посебно внимание?

-Набљудувачите ќе бидат распоредени низ целата земја, со цел да обезбедат избалансиран пристап за она што се случува во државата како целина. Се обидуваме да овозможиме да ги посетиме местата по случаен избор, со цел што е можно повеќе тоа да ни овозможи репрезентативен и непристрасен примерок, врз кој ќе ги дадеме нашите оценки. Доколку се појават проблеми во текот на изборниот ден, бараме од кандидатите односно од политичките партии да не известат за тоа. Нашиот главен експертски тим во Скопје, заедно со нашите долгорочни набљудвачи во соодветни места на набљудување, ќе направат проверка, со цел да добиеме јасна слика за конкретниот проблем.

Во периодичниот извештај на Мисијата наведовте неколку забелешки, во однос на прерано почнатата изборна кампања, и негативните родови стереотипи. Дали во овој меѓупериод имате и други забелешки за кампањата?

-Како што наведов во периодичниот извештај, законот не овозможува јасни насоки за тоа што е дозволено и што не е дозволено за кандидиатите во врска со нивните активности пред почетокот на кампањата. Ним им беше дозволено да водат кампања додека не бидат регистрирани за претседателски кандидати, потоа ги запреа активностите до 1 април, до официјалниот почеток на кампањата.

Во исто време, на политичките партии што ги поддржуваат кандидатите им беше дозволено да ги извршуваат своите редовни активности, како што тоа и го правеа. Дури имаше и телевизиска дебата меѓу господинот Заев и господинот Мицкоски, во која ги поддржуваа своите кандидати и ги критикуваа опонентите.

Во однос на родово базираните негативни стереотипи, споменавме дека госпоѓата Силјановска-Давкова добиваше негативни коментари за нејзиниот изглед. Сметаме дека ваквите коментари се несоодветни и ирелевантни во изборна кампања.

Дали кампањата Ви навестува каков ќе биде денот на изборите?

– Не сакаме се уште да даваме предвидувања за изборниот ден. Меѓународната набљудувачка мисија за изборите тука е да набљудува и да известува за тоа што ќе го видиме. Затоа не сакаме да се мешаме во процесот на кој било начин, или пак прерано да даваме изјави.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер