За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови

Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

Во недела на 21 април треба да се одржи првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

Според член 81 од Уставот, доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5 мај. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови,се повторува целата изборна постапка

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Македонија.

За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. 

Презентирана програмата за штипската „Пастрамајлијада"

 Штипската „Пастрамајлијада", што по 13 пат ќе се одржи во организација на Општина Штип годинава ќе се одржи од 20 до 22 септември, објави на денешната прес-конференција Кирил Панајотов советник во Општина Штип.

Истакна дека годинава на сцената ќе доминираат македонските пејачи и групи. На 20 септември ќе настапат групите Кентаур, Аре брадерс бенд, Агушеви и Нокаут и Игор Џамбазов. Додека во сабота ѕвезда на вечерта е српската пејачка Цеца, а пред неа ќе настапат Мартинијан Кириловски и Антониа Гиговска, а во недела публиката ќе ги забувавуваат „Но енд", Викторија Лоба, Тропико бенд и Данијела Мартиновиќ.

Панајотов потенцира дека настапите на музичките артисти и оваа година ги финансираат спонзорите, а генерален спонзор и оваа година е „Скопско". Општина Штип од сопствениот буџет, како и лани за оваа манифестација има предвидено околу 2.500.000 денари. Средства кои ќе се потрошат печатење на материјали, поставување на бина, струја и храна за изведувачите.

– Цената на штипската пастрамајлија се уште не е утврдена, тоа ќе се направи заедно со угостителите. Очекуваме и оваа година да имаме над 30 штандови, на коишто ќе се продава нашиот брендиран специјалитет, вели Панајотов.

Тој забележа дека во организација на манифестацијата ќе бидат вклучени локалните институции, со цел да се обезбеди простор за паркинг, но и да се регулира сообраќајот. 

Анкета: Граѓаните половично информирани за работата на Собранието, најчест извор е телевизијата

Од темите кои се дискутирале граѓаните најмногу се запознаени со уставните промени и со дискусијата за Договорот од Преспа, а најмалку со јавните расправи кои се случија во Парламентот во посочениот период. 

 Граѓаните се поделени во однос на нивната запознаеност со работата на Собранието, покажуваат наодите од теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието за периодот јуни 2018 – април 2019 година, спроведена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис" (ИДСЦС) во периодот од 12-26 мај, годинава на 1.000 испитаници

Како што истакна на денешната средба со новинари Влора Речица проектен менаџер во ИДСЦС, речиси половината или 49 проценти од испитаниците се изјасниле дека се делумно или целосно запознаени со работата на Собранието, а 50 проценти одговориле дека малку или воопшто не се запознаени со неговата работа.

-Од темите кои се дискутирале граѓаните најмногу се запознаени со уставните промени и со дискусијата за Договорот од Преспа, а најмалку со јавните расправи кои се случија во Парламентот во посочениот период. На прашањето дали сметаат дека Собранието е отворено, за жал, само една третина од испитаниците смета дека Собрането е отворено за јавноста. Оценката, пак, која Инситутот секоја година ја дава за Собранието, а која произлегува од перцепциите на граѓаните на скалата од 1 до 5, каде 5 е најдобро, оваа година е 2,9 што е зголемување од 2018 година, вели Речица.

При тоа, додава, речиси две третини или 59 проценти од испитаниците одговориле дека најчесто се информираат преку телевизија, 15 проценти се информираат од интернет преку социјални медиуми, девет проценти информациите ги добиваат преку инетренет поиртали за вести, само три проценти одговориле дека информациите ги добиваат од Собранискиот канал, додека ниеден не се информира од веб страницата на Собранието. Од анкетираните девет проценти одговориле дека не сакаат да се информираат за работата на Собранието, односно дека не ги интересира.

Перцепцијата на граѓаните е и, вели Речица, дека партениците секогаш ги претставуваат личните, партиските или бизнис интересите во носењето на закони. Имено, над две третини (72%) од испитаните граѓани сметаат дека пратениците во Собранието секогаш ги застапуваат интересите на нивните политички партии и своите лични интереси (78%). Речиси половина од испитаниците (46%) сметаат дека пратениците никогаш не ги застапуваат интересите на граѓаните.

Од испитаните 62 отсто сметаат дека Владата има контрола врз Собранието,  17 отсто дека Собранието има  контрола врз Владата (како што е предвидено според Уставот), а 20 отсто од анкетираните немаат мислење по оваа прашање.

Извештајот за квалитетот на дебатата, пак, истражување кое Институтот го спроведува од 2014 година, покажува дека во првата половина од годинава Собранието ја добива оценката 6, на скала од 1 до 10, што за жал, вели Речица, е само преодна оценка за да го помине испитот и покажува дека дебата е сеуште на ниско ниво.

-Загрижувачки е што во 32 проценти од дебатите пратениците немаат ниту еден аргумент, а во повеќе од 40 проценти има слабо аргументирање. Само во еден процент од дискусијата пратениците користеле повеќе од  два аргумента. Добар податок е тоа што во 28 проценти од дискусијата имало соодветно адресирање на аргументите од претходните говорници, што е пораст од 2018 година, вели Речица.

Се препорачува во наредниот период да се работи на информираноста на граѓаните за работата на Собранието, каде медиуите велат имаат многу важна улога, бидејќи 59 отсто од нив се информираат преку телевизијата. За поаргументирано дискутирање во Собранието се нагласува, потребно е во иднина да се работи со пратениците на нивните реторички вештини, што зависи од нивната волја, а медиумите и граѓанското општетство може да помогнат со обезбедување податоци од истражувања. /МИА.

Германија ја заврши постапката за ратификација на протоколот за НАТО

Заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во САД, вчера го предаде официјалниот документ за ратификација на протоколот за пристапот на Македонија во НАТО.

– Со тоа, во Германија постапката за ратификација за пристапување на Македонија во НАТО е завршена, стои во денешното соопштение од Германската амбасада во Скопје.

Германскиот Буденстаг го ратификуваше пртоколот за члеснтво во НАТО на 6 јуни годинава.

притисни ентер