Ова го соопштила делегацијата на УНЕСКО по состанокот со францускиот претседател Емануел Маркрон.
Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Макрон, претставниците на УНЕСКо навеле дека се подготвени да помогнат во обновата на Нотр Дам, нарочито во давањето на техничка екпертиза, пренесе АП.
Генералната директорка на УНЕСКО Одри Азули изјавила дека мора да се почитува „Интегритететот и автентичноста “ на споменикот бидејќи тој е дел од светското културно наследство, но и дека тоа не значи дека црквата мора да остане непроменета“, информира АП.
Унеско, според наводите формално го признава правото на секоја генерација да учествува во наследството на човештвото, меѓудругото и со прилагодување на природните и историските процеси на промена со новите можности кои ги нуди напредната технологија.