ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми

 Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива тековно и без никакови проблеми. 

Сите гласачки места се отворени, а изборниот материјал навреме е доставен соопштија од Државната изборна комисија за МИА.

-Освен во САД поради временската разлика, сите гласачки места во амбасадите на Северна Македонија се отворени на време и гласањето се одвива непрекинато, појаснуваат од ДИК.

Денеска, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.

Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот. 

Видео: Петмина загинати во удар на гром во Полска

Најмалку пет лица загинаа, а над 100 се повредени во удар на гром за време на невремето во Полска, соопшти премиерот Матеуш Моравијецки.

Молњата погодила група планинари кои биле на врвот на планинскиот венец Татри, кој се наоѓа на границата меѓу Полска и Словачка.

На Полска страна загинаа четири лица, меѓу кои две деца, додека едно лице загина на словачката страна на планината.

Очевидци велат дека бурата се појавила одеднаш, после сончево утро и никој не очекувал избивање на невремето.

 Најсилен удар на молњата се случи на врвот на Татрите Џиевонт, каде таа погодила во 15 метри висок метален крст.

Започна реконструкција на улицата „23 Октомври" во Општина Аеродром

Започна обновата и реконструкцијата на дел од улицата „23 Октомври" во скопската Општина Аеродром.

 Увид во градежните активности денеска извршија градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин.

Градоначалникот Марин потсети дека покрај реконструкција на булеварот „Февруарски поход", во Општина Аеродром се изградени и десет нови улици. Тој додаде дека ќе продолжат со подобрување на патната инфраструктура, како во Општина Аеродром, така и во Град Скопје.

Градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов појасни дека оваа реконструкција чини околу девет милиони денари и ке биде завршена в рок една недела.

– Градот Скопје денеска започна со реконструкција на улицата „Владимир Комаров", односно по ново „23 Октомври", во должина од 800 метри, на релација од железничката станица каде што беа вршени прекупи во текот на минатата година па се до булеварот, рече Петре Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје очекува реконструкцијата да заврши пред започнувањето на школската година, за да можат ученици кои живеат во непосредна близина до училиштето слободно да се движат.

– Градот Скопје интензивно работи на целосна реконструкција на многу градски сообраќајници. Молиме за разбирање на граѓаните. При крај сме веќе со градежни активности во центарот на градот, но и помошните улици што ги работиме за брзо време ќе бидат проодни. Воведуваме целосно нов стандард на две релации. Ја работиме улицата, од железничка до „Ред кафе" и од „Ред кафе" до булеварот. Очекувам реконструкцијата брзо да заврши, рече Шилегов.

Тој потенцираше дека скопјани заслужуваат да имаат многу подобра инфрастура, и за него е императив да го оствари тоа до крајот на неговиот мандат.

На прашањето што е со трамвајот што беше најавен пред девет месеци, градоначалникот на Град Скопје рече дека за него е императив градот да има современ јавен транспорт, но очекува помош од Владата да помогне со финансирањето.

– Во вторникот имав работен состанок со претседателот на Владата на тема „Јавниот сообраќај на градот Скопје" и бевме договорени Градот Скопје да изготви информација што ќе биде доставена до еконосмкиот совет на Влада за да се инфинансира проектот. Градот Скопје денеска ја изготви информацијата, во текот на денот ќе ја доставиме во Владата и очекувам наредната недела претседателот на Владата да го свика економскиот совет за да го решиме финансирањето. /МИА

Костадинов: СДСМ се менува и отвара шанси за младите

СДСМ продолжува со промените и со зајакнувањето на капацитетите што се во интерес на граѓаните и имаат за цел забрзување на напредокот.

 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

 Последните промени во партијата и во Владата се нова енергија, што треба да дадат дополнителен импулс во реализација на мерките што носат дополнителни придобивки за граѓаните.

 Како одговорна, државотворна партија даваме шанси за младите.

 СДСМ е препознаена како партија носител на промените, отворена за сите млади и докажани луѓе кои сакаат да се вклучат во процесот на реформи.

 Пораката е јасна и недвосмислена: СДСМ отвора простор за сите кои сакаат и можат, преку сопствен пример да дадат придонес во процесот на развојот на целокупното наше општество.

 Од друга страна, тоа не е случај со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 Во белиот дворец остануваат заглавени во деструктивната матрица и во одбрана на криминалот и антидржавно однесување.

 Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ.

 Опозициската партија продолжува да работи исклучиво по насоките од Будимпешта и осудениот криминалец во бегство Никола Груевски.

Како одговорна партија, остануваме со граѓаните и продолжуваме да се менуваме во нивен интерес.

Остануваме силно посветени на заложбите за градење на модерно, развојно општество што нуди можности и шанси за сите.

 Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

притисни ентер