„Црвено-црните“ синоќа го обработија единствениот тренинг и подготвени се да ги одбранат осумте гола позитива од мечот со Скопје (31-23) со што ќе обезбедат пласман на „фајнал фор“ турнирот во Келн, кој ќе биде трет за тимот.
Ова ќе биде десетти меѓусебен дуел на двата клуба, откако скопскиот тим славел шест пати, еднаш загубил, а две средби завршиле нерешено.
Сезонава во најелитното ракометно натпреварување, вардар на гости запиша пет победи, два пораза и едно реми, додека Сегед дома има шест триумфи, двапати ремизираа и нема ниту еден пораз..