ПАСТА ОД СПАНАЌ СО СИРЕЊЕ (ПАЛАК ПАНИР)

Рецепт на: Ракиш Дабрал

Гледајте „Избор на најдобри рецепти“, секој ден од понеделник до четврток во 10.00 часот.

Потребни состојки:  250 гр. спанаќ, 180 гр. индиско сирење Панир, 250 мл. хопла, 1 главица кромид, 1 домат, 1 лажиче сол, 1 лажиче ким, 1 лажиче лук, малку ѓумбир, неколку лажици путер, 1 лажиче црвен пипер,  1 лажиче масала, 1 лажиче коријандер во прав, 1 лажиче куркума. 2 лажички сув лист од анасон, каранфилче, ловоров лист, бибер и црн синап.

Во тава се става масло да се загрее.

Се додава 1 лажиче ким и се пропржува се додека не добие кафеава боја.

Се додава малку лук и малку ѓумбир и се пропржува малку.

Се додава 1 главица сечкан кромид и се пропржува се додека не добие златна боја.

Се додава 1 лажица путер и се продолжува со пржењето.

Се додава 1 сечкан домат и се продолжува со пржењето.

Се додава блендиран спанаќ и се продолжува со пржењето околу 2-3 минути.

Се додава: 1 лажиче сол, 1 лажиче црвен пипер, 1 лажиче масала, 1 лажиче коријандер во прав и 1 лажиче куркума.

Се додава 50 мл.вода и се остава да прокрчка неколку минути.

Се додава 180 гр. индиско сирење Панир.

Се додаваат 2 лажички сув лист од анасон, цимет,  каранфилче, ловоров лист, бибер и црн синап.

Се ставаат 3 лажици путер и 250 мл. хопла и се продолжува со пржењето уште неколку минути.

Јадењето се сервира во чинија и се декорира со тенко сечени ленти од џумбир и домат.

Се додава една коцка путер и крем.

На крај се додава рендано сирење.

Фото: Мајкл Даглас веќе 5 години ја продава луксузната вила во Шпанија

Холивудската актерска ѕвезда Мајкл Даглас од 2014 година се обидува да ја продаде својата исклучително луксузна вила во Шпанија.

Славниот актер сега вели дека е подготвен и на очаен потег само да ја продаде   луксузната недвижнина.

Вилата  од 100 хектари на самиот брег  во Шпанија, Мајкл Даглас  досега ја продавал по цена од 50 милиони евра, но популарниот актер никако не може да најде купец.

Поради тоа тој е принуден, како што вели самиот  да преживее ноќна мора и да ја спушти продажната цена на луксузната вила на 37,5 милиони долари.

Инаку, сопствеништвото над вилата Мајкл го дели со својата поранешна сопруга Дијадра Даглас.

На имотот на Мајкл и Дијадра има 7 независни градби, со 5 апартмани и 10 спални соби.

Целиот имот е луксузно опремен со сите можни содржини за забава , вклучувајќи и голем вински подрум.

Леди Гага го теши Бредли Купер??

Во екот на разделбата на најубавата двојка во Холивуд, Ирина Шајк и Бредли Купер, популарниот актер се обидува да најде утеха во рацете на мегапопуларната пејачка Леди Гага со која играше во филмот „Ѕвездата е родена“.

-Бредли и се обраќа на Леди Гага секогаш кога му е потребен совет, иако знае дека во овој момент тоа не е добро. Едноставно не може да се запре, наведува извор близок на ѕвездата.

Иако шпекулациите за нивната наводна љубов и понатаму кружат  во таблоидите, двете ѕвезди наводно барем засега одржуваат  врска на „платонско ниво“.

-Тој е целосно восхитен од неа и мисли дека таа е најпаметната и најпрекрасната личност на целиот свет, дополнил истиот извор.

Видео - Фото: Уживање во џакузи, Кристијано и Георгина во страсна прегратка

Еден од најдобрите светски фудбалери, асот на Јувентус Кристијано Роналдо во друштво на убавата Георгина Родригез ужива на летниот одмор во Грција.

По напорната и долга сезона Кристијано е на заслужен одмор на кој според фотографии вистински ужива во луксузот.

Роналдо на својот профил на Инстаграм објави фотка од џакузи која ги воодушеви неговиот милионски фанови.

Колку вистински ужива Роналдо надвор од теренот најдобро покажува неговата најнова фотка.

Во описот под фотографијата Роналдо напиша:

-Мојата љубов!

Кристијано Георгина и децата летниот одмор го минуваат на супер луксузната јахта Африка со која крстосуваат низ Егејот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Enjoy the view 🧜🏼‍♂️😉👌🏻

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

притисни ентер