Виенски економски форум – нови перспективи за Република Северна Македонија

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска ќе учествува на Виенскиот економски форум „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија".

Делегацијата, во која учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на формумот, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Северна Македонија,  ќе остварат и средби со претставници на реномирани австриски компании.

Во Виена, предвидена е средба на премиерот Заев со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан. /МИА.

Убави зборови од Трамп за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на Иран за „многу праведните преговори“ околу размената на затвореници меѓу двете земји во затегнати односи.

„Гледате дека заедно може да постигнеме договор“, напишал Трамп на Твитер.

Иран и САД денес разменија затвореници. Американец со кинеско потекло заробен на три година со обвинение за шпионажа за заробен Иранец.

Тлото не се смирува, нов земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 4,4 степени денеска попладне го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Институтот за геодинамика од националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на потресот бил на 30 километри длабочина во водите јужно од Крит, пренесува „АНА“.

На овој земјотрес му претходеа серија потреси во зоната на Крит, со јачина меѓу 3 и 4,4 степени, се наведува на сајтот на Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар.

Ирански војник со огнено оружје убил три полицајци

Ирански војник со огнено оружје убил три полицајци на југот од земјата, јавува агенцијата „Фарс“.

Агенцијата додава дека инцидентот се случил во пристанишниот град Бандар Ленгех на околу 1.000 километри од Техеран.

„Фарс“ додава дека војникот веднаш е уапсен но не се наведува мотивот за убиството.

Иранските медиуми повремено известуваат за такви инциденти. Еден војник во 2016 година извршил самоубиство откако убил тројца војници на југот од Иран.

Одредени експерти сметаат дека незадоволството кај војниците е предизвикано од обврзувачкиот воен рок од две години.

притисни ентер