Почина легендарниот Формула 1 шампион Ники Лауда

Светскиот спорт загуби уште еден великан.Доцна синоќа на 70-годишна возраст почина трикратниот Формула 1 шампион, Ники Лауда.

„Со голема болка објавуваме дека нашиот сакан Ники почина на 20 мај 2019 година“ – објави семејството на Лауда.

Легендарниот Ники Лауда беше светски шампион во Формула 1 во 1975, 1977 и во 1984 година.

Светот ја памети и големата катастрофа која ја доживеа Ники Лауда на Нирбугринг во 1976 година. Неговото Ферари се запали на патеката Лауда помина 40 секунди во запалениот кокпит во пламен на 800 степени. Иако беше на работ на смртта сепак бестрашниот шампион неколку недели подоцна се врати на патеката и следната сезона ја освои својата втора титула Светски шампион.

Во 1979 година лауда става крај на кариерата во Формула 1, но во 1982 се враќа во Мекларен, за да ја освои третата титула во 1984, по што во 1985 повторно го напушта спортот, за да се оддаде целосно на авијацијата. Од 2012 Лауда беше директор на Мерцедес и ТВ аналитичар на РТЛ.

Минатото лето врз него беше извршена трансплантација на белите дробови поради што неколку месеци мина во болница, хируршкиот зафат за кратко му го продолжи животот, но Лауда синоќа ја загуби најважната битка.

Во почетокот на 2019 влезе во болница поради инфекција по компликации со грип. Според австриските медиуми, во последните неколку дена Ники Лауда бил во болница во Швајцарија поради проблеми со црниот дроб.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер