ВМРО-ДПМНЕ: Потребни квалитетни законски решенија за реформа на безбедносниот и разузнавачкиот сектор

Имено безбедносните и разузнавачки служби беа извор на неколку големи политички кризи во минатото.

Реформата на безбедносниот и разузнавачкиот сектор е еден од клучните приоритети на Европската Унија во задачите кон Македонија за добивање на датум за почеток на преговори за членство, како и предуслов за довршување на процесот на интегрирање во НАТО. Во изминатиов период од страна на Владата беа предложени два закони – Закон за трансформација на УБК во нова Агенција за национална безбедност и Закон за координација на безбедносно- разузнавачката заедница. ВМРО ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија во интерес на државата како и интеграцијата во ЕУ и НАТО со своите предлози придонесе за квалитативно подобрување на овие закони.

Имено безбедносните и разузнавачки служби беа извор на неколку големи политички кризи во минатото. Тоа не смее да се повтори. За тоа да не се повтори потребни се квалитетни законски решенија. Претставници на ВМРО ДПМНЕ потпомогнати од експерти во областа во изминативе месеци водеа преговори со Владата и успеаа да се усогласат за значајно подобрување на законите за Агенција за национална безбедност и координација на безбедносно – разузнавачката заедница. При преговорите во предвид беа земени и експертските мислења на релевантните меѓународни стручни тела од областа.

По преговорите беше постигнат договор со кој во двата закони се интервенира со околу 50 амандмани со цел подобрување на истите. Во законот за Агенција за националнана безбедност постигнати се подобрувања во делот на заштита на човековите права, поголема контрола од страна на Собранието, начин на избор на директор и заменик директор на АНБ, се воведува категоријата " судир на интереси" во најширока можна смисла за сите кадровски решенија. На Собраниската комисија за надзор на работата на АНБ и Агенција за разузнавање и се дава овластување да предлага разрешување на директорот на АНБ кога ќе оцени дека не ја извршува соодветно својата работа, комисијата исто така за прв пат добива увид во материјално- финансиското работење на АНБ, како и во начинот на користење на средствата за тн посебни намени, до истата мора да се доставува годишната програма за работа како и цел сет на мерки и активности кои ги презема АНБ, нешто што не беше пракса до сега, исто така раководителот на внатрешната контрола се именува само доколку за предлогот согласност даде надлежната Собраниска комисија што исто така е големо подобрување имајќи предвид дека оваа битна позиција во АНБ ќе ја води човек околу кој ќе има политички консензус. Со амандманите точно се дефинира тајното собирање на податоци, како и односот кон личните податоци на лицата кој се следени кои не смее да се чуваат подолго од пет години, нешто што исто така не беше пракса до сега кога истите се чуваа неограничено долго. Со законот јасно се потврдува улогата на ОТА без која не може да има следење на комуникации од било кој вид. Во законот за прв пат се воведува полиграфското тестирање како услов за вработување во АНБ, истото може да се примени и во било кој дел од работниот ангажман. Во законот јасно се прецизира и начинот на преземање на сегашните вработени во УБК во новата АНБ, како и што се случува со тие што нема да бидат преземени. Важно е да се напомене дека со ова законско решение ни еден вработен во постојната УБК нема да остане без работа. Се воведуваат јасни критериуми за безбедносна проверка, како и можноста за повторна безбедносна проверка доколку кандидатот се сомнева во првата безбедносна проверка. Она што исто така е значајно е дека процесот ќе биде транспарентен имајќи предвид дека во комисијата за селекција ќе биде составена од седум члена од кои два ќе бидат претставници на синдикатот на вработените во безбедносните служби како и два пратеници од Собранието кои ќе го следат целиот процес.

Во делот на законот за координација се направени амандмански измени со кои неговата улога јасно се дефинира како оперативна а не стратешка, исто така јасно се определува улогата на Претседателот на државата и Советот за национална безбедност кој согласно Уставот е на врвот на координација на сите безбедносни институции.

Исто така во најбрз можен рок треба да се пристапи кон изработка и усвојување на закон за собраниски надзорни тела со што надзорот на службите дополнително ќе се зголеми, а во следниот период на иницијатива на ВМРО ДПМНЕ ќе се изработи и усвои Закон за совет за национална безбедност што ќе е прв пат во историја на државата да се усвои ваков закон за оваа значајна уставна институција, а ќе се работи и на нов закон за Агенцијата за разузнавање.

ВМРО ДПМНЕ верува дека со подобрувањето на овие два закони како и новите закони на кои треба да се работи конечно времињата на злоупотреба на безбедносните служби ќе завршат. Имајќи предвид дека од закон до имплементација има голема разлика ВМРО ДПМНЕ во следниот период внимателно ќе ја следи имплементацијата на законите.

Исто така веруваме дека со подобрувањето на законите и нивното усвојување со политички консензус помеѓу власта и опозицијата ќе придонесе за зголемување на соработката со нашите стратешки партнери. Со овој чекор ВМРО ДПМНЕ покажува дека секогаш интересите на граѓаните за подобра иднина и се на прво место, без било какви политички калкулации.

Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да побара дополнителна воена поддршка за одбрана од Русија на денешниот вонреден состанок со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, јави ДПА.

На состанокот на Советот НАТО-Украина, организиран како видео-конференција, се очекува да стане збор за прашања во врска со тоа дали сојузниците наскоро ќе можат да и предадат дополнителни системи за противвоздушна одбрана на земјата.

Според Зеленски, на вооружените сили на Украина им треба дополнително оружје, артилериски гранати, возила и беспилотни летала.

„Украина во моментов е загрижена дали може да го задржи фронтот и да ја заштити својата енергетска инфраструктура“, рече Зеленски.

Во последните недели Русија го засили воениот притисок врз Украина и со воздушни напади ги уништи речиси сите нејзини електрани.

Според информациите дадени од Зеленски на почетокот на април, за одбраната на воздушниот простор на Украина ќе бидат потребни или 25 системи за воздушна одбрана „Патриот“ или еквивалентна опрема.

Германската Влада веќе објави во текот на викендот дека на Украина ќе и обезбеди дополнителен систем „Патриот“. Се очекува помош и од други земји, како што е Шпанија. /МИА

Германските тимови повторија достигнување старо речиси 30 години

По натпреварите во текот на неделата, Бундеслигата сега има дури три екипи кои се полуфиналисти на европските клупски турнири. 

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен стигнаа до претпоследната фаза од двете главни натпреварувања - Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а три германски тима не стигнале во оваа фаза речиси 30 години.

Ова последен пат се случи во сезоната 1994/1995 година. А што е уште поинтересно е тоа што тогаш токму истите екипи стигнуваат до полуфинале.

Баерн тогаш стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде загуби од холандскиот гигант Ајакс по 0:0 во Минхен и 2:5 во реваншот. Во тогашниот Куп на УЕФА учествуваа Борусија Дортмунд и Леверкузен, а двата тима се сретнаа со италијански противници. „Жолто-црните“ загубија од Јувентус по 2:2 во првиот меч во Германија и 2:1 за „бјанконерите“ во реваншот. Леверкузен, пак, е елиминиран по двата порази од идниот освојувач на трофејот Парма - 1:2 и 0:3.

Германските екипи сега ќе сакаат да избегнат слично сценарио и ќе се надеваат на добар настап.

Германија ги има сите шанси да обезбеди петти тим во Лигата на шампионите, а на бундеслигашите им требаат две победи или реми и две нерешени во претстојните полуфинални натпревари.

Англија, пак, ќе се потпре на победата на Астон Вила на сите свои натпревари за да обезбеди дополнителен тим во најпрестижниот европски клуб, а по синоќа, Италија веќе го постигна тоа. /МИА

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. 

Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Како што најавуваат од УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец со температура до 16 степени.

притисни ентер