Српската опозиција соопшти дека нема да присуствува на седницата на Собранието на Србија

Дел од српската парламентарна опозиција соопшти дека нема да присуствува на седницата на Собранието на Србија, на која шефот на државата Александар Вучиќ ќе говори за Косово.

Вучиќ од своја страна оцени дека во моментов за Србија нема поважна тема од косово и дека не ги разбира причините за ваквата одлука на опозицијата.

– Што се однесува до седницата на собранието, јас ќе присуствувам како претседател на Србија, ќе биде присутна и премиерката, претседателката на собранието, директорот на канцеларијата за Косово – изјави Вучиќ, додавајќи дека му е важно кој ќе присуствува на таа седница, но и кој нема да дојде.

Делумно ставен под контрола пожарот меѓу селата Буковиќ, Радовиќ и Ласкарци

Шумскиот пожар кој избувна претпладнето околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Радовиќ и Ласкарци делумно е ставен под контрола.

Со гаснење ќе се продолжи утре изутрина, пожарот е ставен под контрола, на терен ќе останат екипи и нема шанси оганот да се доближи до селата.

Жан Клод Јункер итно однесен на операција!

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го прекинал својот годишен одмор и ќе биде итно опериран, соопшти Европската комисија.

-Јункер морал да го скрати својот одмор во Австрија заради здравствени причини, стои во писменото известување од Европската комисија.

Од Брисел појаснуваат дека Јункер бил префрлен во Луксембург каде ќе биде итно операн, треба да му се направи хируршки зафат на жолчката.

Израел изврши воздушен напад врз Појасот Газа

Израелски борбени авиони утрово извеле два воздушни напади врз Појасот Газа , откако беа лансирани ракети од палестинска територија.

Од израелската војска наведуваат дека цел на нападот биле две структури кои припаѓаат на палестинската група Хамас.

-Нападот е изведен како одговор на ракетите кои беа лансирани од Газа, велат од израелската војска.

За сега нема известувања за тоа дали има повредени од овие инциденти.

притисни ентер