Дневен хороскоп за 23.5.2019 година

Дневен хороскоп за четврток , 23. мај 2019 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Нежноста и емотивноста на вашата сакана личност пријатно ќе ве изненади , така што ќе мора да се согласите на неговите или нејзините идеи.

Кариера

Додека се одморате во пријатен амбиент, во душата ги исмевате оние кои не се сопгласуваат со вас. Тоа и не е многу убаво.

Здравје

Бидете пообјективни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе дознаете дека некој ве сака и тоа ќе ви го освежи денот. И вие ќе се чувствувате слично , па можете во акција.

Кариера

На работното место ви оди добро, а повеќето од вас ќе му се посветат на приватниот живот, на своето хоби или на спорт.

Здравје

Одете на сонце и на свеж воздух.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на себеси , во длабоки мисли за вашите деловни предизвици и за тоа кон што се стремите.

Здравје

Не брзајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

По се изгледа околностите ќе ве поттикнат за да размислите за себеси и за својот статус во врската.

Кариера

Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас многу чќе се очекува.Многумина ќе се затекнат во ситуација во која ќе се наметнуваат во работата.

Здравје

Можна е минлива главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе ве нервираат сите и се околу вас , па потрудете се да го најдете она зрно на мир во себеси за да ги надминете провокациите.

Кариера

Во моментов малку може да влијаете на работите , но тоа нема да значи дека оние за кои се однесува ова , нема да продолжат добро да работат. Прифатете ги.

Здравје

Зајакнете се со прошетка на свеж воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе успеете да и се прилагодите на саканата личност без да поставувате премногу прашања. Верувајте во подобро утре.

Кариера

Со олеснување ќе го дочекате крајот на работното време , зашто знаете дека ви е потребно што повеќе опуштање и одмор. Работата нека причека.

Здравје

Осмислете пријатен ден за себеси.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканата личност , а нема да ги заборавите ниту контактите со пруијателите што може да бидат инспиративни.

Кариера

Некои го чекаат финалето на едно истражување , чии резултати може да стигнат во секој  момент. Размислете какви ќе бидат.

Здравје

Јадете здрава храна .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму сте среќни и радосни во душата , саканата личност ве поддржува. Денеска идеите за љубов ќе ви доаѓаат самите од себе.

Кариера

Психолозите, психијатрите и сличните професии денеска ќе приведат до крај една фаза од својата работа и ќе дојдат до нови откритија. Останатите ќе читаат меѓу редови.

Здравје

Терапиите се ефективни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поверувате дека љубовта доаѓа низ желудникот и на саканата личност ќе и подготвите вечера што ќе ја воодушеви.

Кариера

Добро ќе се снаоѓате во новонастанатата ситуација . Дури и ќе им бидете од полза на другите , па помогнете им.

Здравје

Помалку јадете , повеќе спортувајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во прашањата за чувствата сите коцкички ќе се поклопат по ваша желба. Оттаму многумина денеска ќе сфатат колку се среќни.

Кариера

Не само што одлично ќе функционирате во редовните работни задачи , туку ќе успеете да ги забавувате сите околу вас.

Здравје

Нема пречки пред вас.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате во својот свет , што самиот го создавате со помош на фантазијата. Се друго ќе биде главно фрустрирачки.

Кариера

Добро ви оди , а на повидок се и некои нови работи. Без оглед што вашите шефови миослат поинаку, вие се држите за своето.

Здравје

Не се откажувајте од вашата цел.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Со помош на вашите драги пријатели ќе заборавите на сите љубовни грижи и ќе се отворите за нови можности.

Кариера

Ќе ги усогласите своите ставови и планови со околината , така што во иднина ќе работите полесно и усогласено.

Здравје

Делата се посилни од зборовите.

Огромен октопод нападна нуркач и не сака да се откачи (ВИДЕО)

Нуркач беше ненадејно нападнат од огромен октопод додека го истражувал Јапонското Море.

На снимката се гледа како октоподот го обви нуркачот со пипалата и се обидува да гио задави. По неколку обиди да се откачи , нуркачот , инаку Русин , успева конечно да го тргне животното од своето тело. Октоподот потоа продолжува да плива.

Октоподите обично бегаат од луѓе . Последен забележан случај на ваков напад е забележанлани во близина на канадаскиот брег.

Тогаш октопод успеал на жена да и ја оттргне цевката за нуркање, но за среќа таа останала жива.

Оксфорд доби донација од 188 милиони долари за етика на вештачката интелигенција (ВИДЕО)

Милијардерот Стивен Шварцман , даде најголема поединечна донација од основањето на Универзитетот во Оксфорд и тоа за истражување на етиката на вештачката интелигенција.

Со донацијата од 188 милиони долари ќе се основа институт , кој ќе го носи името на Шварцман. Институтот ќе се вика ,,Центар за хуманистика Стивен Шварцман” и ќе ги обедини сите химанистички студии на овој престижен британски универзитет. Хуманистика ќе се учи на катедрите по Англиски , историја, лингвистика, филозофија , теологија и религија.

Во рамките на центарот ќе работи и Институт за етика на вешташка интелигенција , каде ќе се изучуваат етичките влијанија на вештачката интелигенција и другите видови технологии.

Се очекува Центарот да биде отворен во 2024 година.

Дрогиран возеше во контра насока , но наиде шлепер (ВИДЕО)

Секое возење во обратна насока завршува со несреќа , така што и последнито случај во Колорадо не е исклучок.

На патот И-74 во американската држава Колорадо , се случи тешка несреќа кога камионет возеше во спротивна насока. Камионетот се движеше со брзина од околу 100 км/час во обратна насока , кога наеднаш с епојави огромен шлепер.

Иако фронталниот удар не беше со целата површина , поради брзата реакција на возачот на црвениот шлепер , камионетот помина лошо. По ударот дури и се запали .

Среќа е само што и двајцата возачи поминале со полесни повреди . Камиониот целосно изгоре до доаѓањето на пожарникарите , а патот два часа беше блокиран.

Возачот на камионетот , 24 годишниот Тајлер Ваналсбург е притверен и обвинет за возење под дејство на наркотички средства.

притисни ентер