Прекршочна пријава од антикорупционерите доби в.д директорката на Клиниката за хематологија

Антикорупциската комисија отвори предмет со кој ќе се испитаат наводи за можни злоупотреби во Министерството за локална самоуправа. 

Прекршочна пријава од антикорупционерите доби в.д директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска. Иако имала обврска досега четири пати да поднесе анкетен лист за имотната состојба, бидејќи толку пати и се продолжувал мандатот вршител на должност, тоа не го сторила. Прекршочни оти не поднеле анкетни листови добија и десетици декани и ректори на универзитети и институти од Скопје, Тетово и Прилеп.

Антикорупционерите ќе испитуваат и како се трошат народните пари во државните и јавните институции. Во фокусот ќе бидат пратениците и користењето на патни трошоци.

Под закана од  кривична пријава е и поранешниот претседател на Скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски по наводите за вработувањето на неговиот внук Јордан Тасевски во судот.

Според  сознанијата на Антикорупциска, Тасевски прво го добил решението за вработување, а дури потоа ги поднел документите за конкурсот. Тој воопшто не се ни пријавил на огласот за вработување.

По сознанија од медиумите, Антикорупциска отвори предмет со кој ќе се испитаат наводи за можни злоупотреби во Министерството за локална самоуправа со кое раководи Сухејл Фазлиу. Постојат сомнежи за вработување на блиски лица во Министерството и за користење на службени возила за приватни потреби.

Делумно ставен под контрола пожарот меѓу селата Буковиќ, Радовиќ и Ласкарци

Шумскиот пожар кој избувна претпладнето околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Радовиќ и Ласкарци делумно е ставен под контрола.

Со гаснење ќе се продолжи утре изутрина, пожарот е ставен под контрола, на терен ќе останат екипи и нема шанси оганот да се доближи до селата.

Жан Клод Јункер итно однесен на операција!

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го прекинал својот годишен одмор и ќе биде итно опериран, соопшти Европската комисија.

-Јункер морал да го скрати својот одмор во Австрија заради здравствени причини, стои во писменото известување од Европската комисија.

Од Брисел појаснуваат дека Јункер бил префрлен во Луксембург каде ќе биде итно операн, треба да му се направи хируршки зафат на жолчката.

Израел изврши воздушен напад врз Појасот Газа

Израелски борбени авиони утрово извеле два воздушни напади врз Појасот Газа , откако беа лансирани ракети од палестинска територија.

Од израелската војска наведуваат дека цел на нападот биле две структури кои припаѓаат на палестинската група Хамас.

-Нападот е изведен како одговор на ракетите кои беа лансирани од Газа, велат од израелската војска.

За сега нема известувања за тоа дали има повредени од овие инциденти.

притисни ентер