Матурантите направија хаос во Загреб- 13 приведени (ВИДЕО)

Полицијата приведе 13 матуранти во Загреб, откако направија хаос во центарот на градот.

Освен приведените 13 матуранти , брзата помош интервенирала за 11 од нив , кои биле во алкохолизирана состојба.

Според организаторите , матурантите од 12 до 13 часот денеска требало да се движат по позната маршрута низ центарот на градот , но дел од 5 – те илјади , решија да се забавуваат со капење во градските фонтани , фрлање димни бомби и боја.

Трамвајскиот сообраќај беше во прекин , а полицијата ги предупреди граѓаните денеска да го избегнуваат центарот на Загреб. Полицијата е во потера и по еден матурант , за кого сметаат дека има пиштол.

За неколку часа Трамп собра речиси 25 милиони долари

За само неколку часа американскито претседател Доналд Трамп собра речиси 25 милиони доалри од донации.

Трамп собра милиони само за неколку часа по објавата на кандидатурата за втор претседателски мандат , со што значајно го надмина кандидатот на Демократската партија.

Меѓу Демократите , Џо Бајден собра над 6 милиони долари за првите 24 часа по објавата на кандидатурата , а сенаторот Берни Сандерс исто така собра околу шест милиони долари за првите 24 часа од објавата на кандидатурата.

Според Њујорк тајмс , од почетокот на објавата на канддидатурата во април , Бајден собрал околу 20 милиони долари од донации. Изборите ќе се одржат во ноември 2020 година.

Тешка несреќа во Индија – најмалку 42 загинати кога автобус падна во бездна длабока 500 метри (ВИДЕО)

Најмалку 42 патници загинаа во индиската држава Химачал Прадеш , кога автобус , кој превезувал над 70 патници се преврте во река на дното на бездна длабока 500 метри. 

Голем број од патниците се возеле на покривот на автобусот. Повеќе од 30 патници се повредени кога автобусот се превртел во река во планинскиот предел Кулу.

Бројот на загинати може да се зголеми , зашто не се знае колкумина од оние што седеле на покривот на автобусот настрадале во несреќата.

Автобусот пропаднал во бездна длабока 500 метри во планински предел на 60 километри од градот Кулу.

Почна самитот на ЕУ – Се очекува потврда на заклучокот за Македонија

Без поголеми очекувања дека може да дојде до пресврт и промена на заклучците  што пред два дена ги освија министерите за надворешни работи, лидерите на Европската Унија го почнаа дводневниот самит во Брисел..

Темата на проширувањето, според очекувањата, не е високо на денешната ангенда на Европскиот Совет.

Александар Видиновски е во Брисел..

притисни ентер