Audi Q5 доби нова хибридна изведба

Новото возило на Ауди официјално се вика Q5 55 TFSI e Quattro и на германскиот пазар ќе почне да се продава со основна цена од 60 450 евра.

Ауди навлезе во електрификацијата и продолжува со презентацијата на хибридни модели. Станува збор за плаг-ин хибрид , што покрај класичниот погон , може да возии на струја , а се полни и на домашна електрична мрежа.

 Погонот е комбинација од 2.0 TFSI  бензинец со 252 Кс и 370 Нм , како и електромотор со 143 Кс и 350 Нм. Нивниот синергиски ефект е 376 Кс и 500 Нм , па до 100км/час стигнува за 5,3 секунди , а постигнува  максимална брзина од 239км/час. '

Батериите се полнат за 6 часа. Првите испораки се очекуваат кон крајот на годинава.

Меган Фокс: Од 300 фотографии на 297 изгледам како леш

Меган Фокс, секс симбол и една од најубавите жени во светот, има проблем како и секоја просечна девојка.

Таа на својот инстаграм објави три селфиња на кои изгледа како бижица, но додека ги направи совршените фотографии, таа се изнамачила.

-Направив 300 фотографии и на 297 изгледам како реанимиран леш од египетски фараон. Успех од 1%, напиша таа шеговито во описот на фотографиите кои ги постави.

Проверете дали вашата лозинка е се уште сигурна?!

„Google“ оваа година го направи „Password Checkup add-on“ за корисниците не „Google Chrome“ со чија помош можете да проверите дали вашата лозинка е „хакирана“

Доколку се пријавувате на некое место со лозинка или корисничко име кои некогаш се нашле на мета на хакери, тогаш ќе добиете известување за тоа. Доколку добиете вакво известување, најдобро е да ги промените вашето корисничко име и лозинка. „Password Checkup add-on“ ја овозможува оваа функција така што споредува податоци од веќе хакирани компјутери.

Само во првиот месец на користење на оваа алатка биле скенирани 21 милион кориснички имиња и лозинки од кои 316 илјади се покажале како небезбедни.

Барни Стинсон се забавува во Хрватска

Нил Патрик Харис познат во јавноста по улогата на Барни Стинсон во серијата „Како ја запознав вашата мајка“, моментално е на одмор во Хрватска.

Судејки по видеата што ги поставува на социјалните мрежи, се чини дека тој лудо се забавува.

Тој времето го поминува на брод кој плови по Јадранот, Нил сподели и видео од неговото патување на социјалната мрежа Инстаграм кое го виделе повеќе од 720.000 негови обожаватели.

притисни ентер