Полета првото германско електрично такси возило (ВИДЕО)

Koмпанијата Лилиум ја објави снимката на првиот лет на нивното ново летачко такси на електричен погон.

Историското полетување е забележано во баварското село Оберфафенхофен , со што се докажа потенцијалот на концептот на електрично летало за комерцијална употреба. Станува збор за летало опремено со 36 електромотори сместени во крилата на леталото. Прототипот може успешно да полета и да слета , а со следните проби ќе се совладаат комплексните маневри.

До 2025 се очекува ова летало да почен да се користи во градовите како замена за такси возилата. Овие бесшумни летала може да се задржат еден час во воздухх и да летаат со брзина од 300км/час.

Според основачот на компамнијата , Даниел Вигенд, леталото ќе може да превезе до пет лица , а превозот ќе биде драстично поефтин од сегашниот. 

Меган Фокс: Од 300 фотографии на 297 изгледам како леш

Меган Фокс, секс симбол и една од најубавите жени во светот, има проблем како и секоја просечна девојка.

Таа на својот инстаграм објави три селфиња на кои изгледа како бижица, но додека ги направи совршените фотографии, таа се изнамачила.

-Направив 300 фотографии и на 297 изгледам како реанимиран леш од египетски фараон. Успех од 1%, напиша таа шеговито во описот на фотографиите кои ги постави.

Проверете дали вашата лозинка е се уште сигурна?!

„Google“ оваа година го направи „Password Checkup add-on“ за корисниците не „Google Chrome“ со чија помош можете да проверите дали вашата лозинка е „хакирана“

Доколку се пријавувате на некое место со лозинка или корисничко име кои некогаш се нашле на мета на хакери, тогаш ќе добиете известување за тоа. Доколку добиете вакво известување, најдобро е да ги промените вашето корисничко име и лозинка. „Password Checkup add-on“ ја овозможува оваа функција така што споредува податоци од веќе хакирани компјутери.

Само во првиот месец на користење на оваа алатка биле скенирани 21 милион кориснички имиња и лозинки од кои 316 илјади се покажале како небезбедни.

Барни Стинсон се забавува во Хрватска

Нил Патрик Харис познат во јавноста по улогата на Барни Стинсон во серијата „Како ја запознав вашата мајка“, моментално е на одмор во Хрватска.

Судејки по видеата што ги поставува на социјалните мрежи, се чини дека тој лудо се забавува.

Тој времето го поминува на брод кој плови по Јадранот, Нил сподели и видео од неговото патување на социјалната мрежа Инстаграм кое го виделе повеќе од 720.000 негови обожаватели.

притисни ентер