Мексиканската влада понуди на аукција 82 луксузни автомобили , запленети од нарко картелите (ВИДЕО)

Аукцијата на 82 луксузни автомобили , запленети од нарко картелите во Мексико , е закажана за во недела.

Почетната цена за сите автомобили е околу 1,5 милиони долари. Шефот на неодамна формираниот Институт за враќање украдени богатства на народот , Рикардо Родригез соопшти дека автомобилите пред аукцијата се веќе изложени за заинтересираните купувачи. 82 луксузни возила се изложени во претседателската палата во Лос Пињос.

Оваа палата е празна , бидејќи новоизбраниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор не сака да се всели во неа , зашто тоа е во спротивност со неговата програма и имиџот на скромен политичар.

Парите од продажбата на автомобилите се наменети за најсиромашната мексиканска држава Оахака , на југот на земјата .

Меѓу автомобилите има најнови модели на Ламборџини , Ферари , Порше , џипови Мерцедес и други скапи возила.

Делумно ставен под контрола пожарот меѓу селата Буковиќ, Радовиќ и Ласкарци

Шумскиот пожар кој избувна претпладнето околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Радовиќ и Ласкарци делумно е ставен под контрола.

Со гаснење ќе се продолжи утре изутрина, пожарот е ставен под контрола, на терен ќе останат екипи и нема шанси оганот да се доближи до селата.

Жан Клод Јункер итно однесен на операција!

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го прекинал својот годишен одмор и ќе биде итно опериран, соопшти Европската комисија.

-Јункер морал да го скрати својот одмор во Австрија заради здравствени причини, стои во писменото известување од Европската комисија.

Од Брисел појаснуваат дека Јункер бил префрлен во Луксембург каде ќе биде итно операн, треба да му се направи хируршки зафат на жолчката.

Израел изврши воздушен напад врз Појасот Газа

Израелски борбени авиони утрово извеле два воздушни напади врз Појасот Газа , откако беа лансирани ракети од палестинска територија.

Од израелската војска наведуваат дека цел на нападот биле две структури кои припаѓаат на палестинската група Хамас.

-Нападот е изведен како одговор на ракетите кои беа лансирани од Газа, велат од израелската војска.

За сега нема известувања за тоа дали има повредени од овие инциденти.

притисни ентер