Се вратил во репрезентацијата откако лично претседателот го замолил

Легендарниот фудбалер по потекло од Гана, Асамоа Гијан пред неколку дена во големо соопштение објави дека ја напушта репрезентацијата на неговата родна земја.

Причината за ваквиот став на фудбалерот е тоа што бил навреден. Иако 32- годишниот фудбалер треба да игра на Африканскиот куп во јули , тој реши да ја напушти репрезентацијата.

Тој е во добра форма и игра за турскиот клуб Кајсериспор , каде на последните два натревара даде три гола. Гијан се навредил кога дознал декакапитен на репрезентацијата ќе биде Андре Аве.

Сепак , денеска дојде до пресврт. Претседателот на Гана, Нана Акуфо- Адо побарал да разговара со фудбалерот и го замолил да ја проголта гордоста и да настапи за државниот дрес. По тоа , Гијан се предомислил и изјави дека е подготвен да му одговори на селекторот.

Во водите на Охридското Езеро ќе се плива десеткилометарска трка во рамки на Европскиот ЛЕН куп

Дваесет маратонци во машка и седум во женска категорија од девет европски држави ќе учествуваат на првата трка на десет километри во водите на Охридското Езеро, што ќе се одржи утре во организација на Лигата на европските нации (LEN).

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција, за првпат од осамостојувањето во Охридското Езеро ќе се плива трка на десет километри, во рамки на серијата од пет трки што се квалификации за олимписката дисциплина пливање на десет километри. Република Северна Македонија од оваа, па наредните пет години ќе биде дел од петте квалификациски трки што се одржуваат уште во Израел, Франција, Шпанија и Данска.

– Без трка рангирана како официјална олимписка дисциплина не можеме да зборуваме дека сме дел од официјалното светско пливање. Од оваа година сме официјално дел од европскиот куп, во конкуренција на 53 држави во Европската пливачка федерација, истакна Александар Маленко, претседател на Пливачката федерација на Северна Македонија.

Според Хадар Бендрор од Европската ЛЕН федерација, исполнети се предусловите за одлично организирана трка.

– Задоволни сме од листата пријавени пливачи, имаме одлични натпреварувачи, очекуваме извонредна трка. Покрај убавината на езерото и чистата вода, мора да ја посочиме и одличната организација на настанот, благодарение на ентузијазмот на домашниот партнер, рече таа изразувајќи уверување на успешна натамошна соработка.

За квалитетот на утрешниот, според календарот претпоследен пливачки куп во Охрид, најдобро зборува податокот дека ќе пливаат четворица маратонци во машка и двајца во женска конкуренција кои беа меѓу дваесетте учесници на трката на десет километри на неодамна одржаното Светско пливачко првенство во Гуанжу.

– Драго ми е што за прв пат нашата држава ќе има тројца учесници во олимписка дисциплина на официјален европски ЛЕН куп, и тоа Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски и Давор Петровски, рече Маленко.

На стартот на пливачката трка во Охрид утре точно на пладне ќе ја видиме и Ангела Маурер, прогласена за кралица на далечинско пливање на отворени води, учесник на две олимпијади, двократен европски и светски шампион.

Согласно пропозициите на ЛЕН, за најдобрите тројца пливачи на утрешната трка во двете категории обезбедени се парични награди од по 2.500, 1.500 и 1.000 евра.

Инаку, шестемина најдобропласирани натпреварувачи, по тројца во машка и во женска конкуренција на петте трки во рамки на ЛЕН купот, обезбедуваат учество во претквалификациската трка за учество на наредните Олимписки игри./МИА

Кичевката Емини потпиша Договор со германскиот женски фудбалски клуб „Бохум"

Седумнаесетгодишната фудбалерка Леутриме Емини од Кичево, која со родителите живее во Германија, потпиша Договор со германскиот женски фудбалски клуб „Бохум", каде ја почна фудбалската кариера.

За неа се заинтересирале и од косовскиот национален тим односно челниците на ФФК, поканата била прифатена и таа веќе има неколку настапи за Косово за тимот У-19. Емини вели дека не била контактирана од челниците на нашиот национален тим за настап за соодветната селекција на ФФМ.

– Со задоволство ја прифатив понудата за да настапам за најновата членка на ФИФА и УЕФА, селекцијата на Косово, вели Емини, која е првата кичевчанка која настапува за член на Бундес лигата за јуниори на Германија во женски фудбал. /МИА

Ѓоковиќ сретна дете на теренот кое се излекувало од рак , па направи прекрасен гест (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата хуманост со гестот кон едно дете , додека го играл мешот од осминафиналето на Мастерсот во Синсинати , САД.

Ѓоковиќ дознал дека едно од децата на теренот се излекувал од рак. Го повика момчето на својата клупа , па му даде и шише вода. Детето беше  видно возбудено , а видеото тенисерот го објави на својот Инстаграм профил.

,,Ова храбро момче го победи неуробластомот... Дијагнозата ја добил како бебе од 10 дена . Преживеа и сега со право ја носи амицата на која пишува ,,Шампион” Ова момче е вистински шампион!” , напиша Ѓоковиќ на воодушевување на фановите.

Во коментарите се огласи и неговата сопруга Јелена ,,Аморе. Те сакам!”, му порача таа.  

притисни ентер