Фото: Руски милијардер ја изненадил сопругата со подарок подморница!??

Рускиот бизнисмен Андреј Мелниченко ја изненадил сопругата, убавата екс српска пејачка Сандра со подарок вреден 22 милиони долари.

Андреј кој е „тежок“ околу 11 милијарди долари, на сопругата и купил  подморница вредна 22 милиони долари.

Сопственичката на најубавата и најлуксузна јахта на светот наскоро ќе има нова скапа играчка за на вода. Рускиот милијардер ја нарачал подморницата за сопругата Сандра од Америка како изненадување, „за таа да може да ужива во разгледување на длабочините на морињата и океаните“.

Сиетл 1000“ е ново ниво на луксуз кога станува збир за приватни пловила. Оваа подморница воопшто не наликува на оние кои досега ги купувале богаташите, подморница со едно седиште за разгледување која е прилично клаустрофобична“, тврди анонимен извор за „Информер Хит“.

Подморницата на Сандра ќе има 450 квадратни метри . Во неа ќе има две теретани, вински подрум, дневна, спална и гостинска соба и дури 20 дена ќе може да остане под површината на водата. 

Оксфорд доби донација од 188 милиони долари за етика на вештачката интелигенција (ВИДЕО)

Милијардерот Стивен Шварцман , даде најголема поединечна донација од основањето на Универзитетот во Оксфорд и тоа за истражување на етиката на вештачката интелигенција.

Со донацијата од 188 милиони долари ќе се основа институт , кој ќе го носи името на Шварцман. Институтот ќе се вика ,,Центар за хуманистика Стивен Шварцман” и ќе ги обедини сите химанистички студии на овој престижен британски универзитет. Хуманистика ќе се учи на катедрите по Англиски , историја, лингвистика, филозофија , теологија и религија.

Во рамките на центарот ќе работи и Институт за етика на вешташка интелигенција , каде ќе се изучуваат етичките влијанија на вештачката интелигенција и другите видови технологии.

Се очекува Центарот да биде отворен во 2024 година.

Дрогиран возеше во контра насока , но наиде шлепер (ВИДЕО)

Секое возење во обратна насока завршува со несреќа , така што и последнито случај во Колорадо не е исклучок.

На патот И-74 во американската држава Колорадо , се случи тешка несреќа кога камионет возеше во спротивна насока. Камионетот се движеше со брзина од околу 100 км/час во обратна насока , кога наеднаш с епојави огромен шлепер.

Иако фронталниот удар не беше со целата површина , поради брзата реакција на возачот на црвениот шлепер , камионетот помина лошо. По ударот дури и се запали .

Среќа е само што и двајцата возачи поминале со полесни повреди . Камиониот целосно изгоре до доаѓањето на пожарникарите , а патот два часа беше блокиран.

Возачот на камионетот , 24 годишниот Тајлер Ваналсбург е притверен и обвинет за возење под дејство на наркотички средства.

Расел Кроу откри зошто одбил улога што можела да му донесе 100 милиони долари (ВИДЕО)

Актерот Расел Кроу во Тв шоуто на Хауард Стерн откри зошто ја одбил улогата во првиот дел на филмнот ,,Господар на прстените”.

На австралиската ѕвезда му биле понудени 10 проценти од профитот на филмот , наместо однапред платен износ , само доколку ја прифати улогата на Арагорн во првиот дел на сагата од 2001 година. ,,Не мислев дека Питер Џексон навистина ме сакаше во филмот. . Мислам дека беше принуден да разговара со мене , зашто во тоа време сите ме сакаа во своите филмови.” , вели Кроу.

Тој вели дека со Џексон разговарале по телефон , но можел по гласот да насети дека не сака тој да настапуи во неговиот филм. Филмот заработи над 870 милиони долари во светот , а Кроу веројатно би добил околу 100 милиони.

На прашањето на Стерн дали секој ден размислува за оваа пропуштена шанса , холивудската ѕвезда рече дека никогаш не размислувал за тоа.

Во ова интервју тој раскажа и дека ја пропуштил улогата на Вулверин во Икс мен и го предложил Џекман , кој многупати до сега јавно му се заблагодарти на Кроу за улогата.

притисни ентер