Средба на државниот секретар Виктор Димовски со Милослав Сташек, државен секретар во чешкото МНР

На 22 мај 2019 година, во посета на Македонија престојуваше државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Милослав Сташек, кој оствари средба со својот домаќин, државниот секретар во МНР Виктор Димовски.

За време на средбата, државните секретари Димовски и Сташек ги потенцираа одличните билатерални односи кои во континуитет ги негуваат двете пријателски земји. Се согласија дека во прилог на таквата констатација оди и динамичниот политички дијалог, како и редовните посети на највисоките функционери на двете земји, кои особено добија на интензитет во последните неколку години.

Соговорниците се осврнаа и на можностите за продлабочување на заедничката соработка во делот на евроинтегративните процеси, како и за зајакнување на соработката помеѓу Министерствата за надворешни работи и Дипломатските академии на двете земји, што е дефинирано и со постоечкиот Меморандум за соработка на двете МНР, потпишан во месец март оваа година.

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Делумно ставен под контрола пожарот меѓу селата Буковиќ, Радовиќ и Ласкарци

Шумскиот пожар кој избувна претпладнето околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Радовиќ и Ласкарци делумно е ставен под контрола.

Со гаснење ќе се продолжи утре изутрина, пожарот е ставен под контрола, на терен ќе останат екипи и нема шанси оганот да се доближи до селата.

Жан Клод Јункер итно однесен на операција!

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го прекинал својот годишен одмор и ќе биде итно опериран, соопшти Европската комисија.

-Јункер морал да го скрати својот одмор во Австрија заради здравствени причини, стои во писменото известување од Европската комисија.

Од Брисел појаснуваат дека Јункер бил префрлен во Луксембург каде ќе биде итно операн, треба да му се направи хируршки зафат на жолчката.

Израел изврши воздушен напад врз Појасот Газа

Израелски борбени авиони утрово извеле два воздушни напади врз Појасот Газа , откако беа лансирани ракети од палестинска територија.

Од израелската војска наведуваат дека цел на нападот биле две структури кои припаѓаат на палестинската група Хамас.

-Нападот е изведен како одговор на ракетите кои беа лансирани од Газа, велат од израелската војска.

За сега нема известувања за тоа дали има повредени од овие инциденти.

притисни ентер