Второ финале за Вардар во лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар испишува нова страница во својата богата историја. Вечерва од 18 часот во Ланксес арената во Келн против унгарскиот гигант Веспрем ќе го одигра свото второ финале во Лигата на шампионите.

По херојскиот триумф вчера против фаворизираната Барселона од 29-27 вечерва вардарци ќе бидат пред ново големо искушение. Нашите херои и покрај големите проблеми во текот на сезоната со финансиите и многуте промени во тимот многупати досега покажаа дека се најсилни кога е најпотребно во вакви одлучувачки мечеви.

Македонската ракометна фаланга посакува реприза на 2017 кога Вардар ја донесе најголемата радост во нашиот спорт стигна до титулата во елитната Лига на шампионите. Тогаш во финалето беше совладан богатиот и силен ПСЖ, сега на патот кон посакуваниот трофеј стои одличниот Веспрем.

Без разлика со кој состав вечерва Парондо ќе го игра големото финале, неизвесен е настапот на маестралниот хрватски бек Игор Карачиќ кој вчера во полуфиналето на раце беше изнесен од теренот во финишот на средбата поради повреда на листот на ногата, едно е сигурно како што вели капитенот Столе Стоилов ние сме Вардар не се плашиме од никого, другите нека се плашат од нас.

Во Ленксес арената во Келн вардарци ќе бидат бодрени од околу 1000 Македонци, навивачите во Македонија заедно на плоштадот во Скопје на голем видео бим ќе може да го гледаат големото финале и да навиваат за своите спортски идоли.

Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај

Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.

Видео: Атина „проголтана“ од сахарска прашина, градот обоен во портокалово

Атина и јужните делови на земјата вчера беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

Облаците од прашина, пренесени преку Средоземното море од северна Африка, го обвија акропол и другите знаменитости на Атина.. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите.

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето на пакетот воена помош за Украина

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба со ентузијазам ги пофали американските политичари за одобрувањето на долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за Украина, но предупреди дека новите испораки нема веднаш да го свртат бранот на војната.

„Алелуја“, изјави Кулеба во интервју за „Гардијан“ на прашањето за реакцијата на вчерашното конечно гласање на американскиот Сенат. Тој рече дека „неговото верување е дека ќе има позитивен исход“, но Западот мора „да сфати дека ерата на мирот во Европа е завршена“ и да ја изгради својата одбранбена индустрија.

Говорејќи за „Гардијам“, Кулеба рече дека се надева оти Белата куќа ќе го претстави новиот пакет оружје „за неколку дена, можеби и часови“ и дека е „само прашање на логистика“ залихите да се префрлат на фронтот.

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Кулеба, исто така, рече дека Украина идентификувала седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои би можела да ги користи за заштита на цивилите во поголемите градови надвор од Киев. Еден е добиен од Германија, уште четири се лоцирани и преговорите се во тек, рече Кулеба, а на повидок се уште два. /МИА

притисни ентер