Се ближи ли крајот на проблемот со опасниот линдан?

Дали си ближи крајот на големиот еколошки проблем со линданот кој е складиран во кругот на некогашниот хемиски гигант Охис. План има, а потребните средстваќе ги обезбеди Владата, а дел и од други извори.

Од почетокот на јули точно ќе се знае кога ќе почне најголемата еколошка акција чисте на линданот од дворот на Охис. Во овој период ќе се знае колку точно пари ќе бидат обезбедни за почеток на акцијата. Дел од средставата ќе бидат од владата, а дел од надворешни учесници.

За Петровска се е подготвено, тендерот е подготвен се чекаат парите. Според привчните проценки потребни се од 60 милиони до 250 милиони евра доколку се земе скапа процедура. Надоврешн и искусни фирми треба да го дислоцираат линданот. Акција која ќе трае и до пет години. Важно е обезбедување на просторот, поставување на балон, каде не смее да се дозволи материите да излезат од почвата кон воздухот. Засега станува збор за две потврдени депонии „мала и голема депонија“ на површина до 50 илјади тони контаминирана почва. Се уште треба да се прави истражувањето кај местото Пеленица во близина на Драчево каде има соменевање дека и таму има линдан.

Што преставува линданот? Овој отпад е остаток од производството на пестицидот Линдан, кој се произведувал во фабриката Охис, во 2009година неговото производство е забренето и некогашниот производ е прв на листата на канцерогени производи. Под овие дрјва во железни буриња се закопани над илјади тони канцероген отров во дворот на Охис веднаш до булерварот „Борис Трајковски затворен во железни буриња. Според хемијата тој се распаѓа и се пренесува преку подземните води и воздух. Живее во растенијата, животните, човекот.

Фабриката е прв сосед на скопските наслеби Пинтија и Лисиче. Според исптиувањата почата е заразена,а она што загрижува е дека се одгледува зеленчук. Линданот предзивикува рак на црниот дроб, заболување на лимфните јазли, но и хормонален дисбаланс, медицински случаи потврдиле дека девојчиња пред својата девета година веќе имаат менструален циклус.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер