Македонските каратисти од Европското првенство во традиционално карате се вратија со 8 медали

Макадонските каратисти на Европското првенство во традиционално карате во Питешти , Романија освоија 8 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕП во Питешти, Романија имаше одличен настап освојуваќи вкупно 8 медали 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

Златните медали ги освоија Дејан Недев и Јадранка Недеви во кати за сениори, Мила Саздова во кого кумите, сребрени медали освоија Матеј Ангеловски во кого кумите и Мила Саздова во фукуго.

Бронзени медали освоија Ристо Сакалиев во кумите за ветерани и Антонија Белазелкоска во кати и фукуго во кадетска конкуренција. Европското Првенство го отвори Министерот за спорт и млади на Романија Богдан Матеи, а првенството беше организирано на Универзитетот Питешти на највисоко ниво.

На ЕП учествуваа 387 натпреварувачи од 24 земји , соопшти Македонската карате федерација.

Српската опозиција и предложи на Брнабиќ локалните и белградските избори да се одржат наесен

Пратениците од коалицијата „Србија против насилството“ на претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ и доставија предлог за измени на Уставниот закон, со кои се предлага локалните и белградските избори да се одржат истовремено, на есен.

Во документот испратен до Брнабиќ, се наведува дека Србија се наоѓа во сложена уставна криза, која има своја меѓународна димензија идека изборите во претходните години беа систематски поделени на термини во кои се избираат собранија на единиците на локалната самоуправа и затоа нивниот предлог е сите избори за единиците на локалната самоуправа да се одржат во ист ден, во 2024 година.

Во документот што го објави Нова с, пишува дека изборите за Собранието на Град Белград и собранијата на сите општини, градови и општини во Србија треба да се одржат истиот ден шест месеци од стапувањето во сила на последен пат донесен закон најрано, а најдоцна до крајот на 2024 година.

Во документот што го објави Нова С, пишува дека изборите за Собранието на Град Белград и собранијата на сите општини, градови и општини во Србија треба да се одржат во ист ден, најрано шест месеци по влегувањето во сила на последниот донесен закон, а најдоцна до крајот на 2024 година.

„Народното собрание ќе донесе закони за изменување и дополнување на Законот за локални избори, Законот за избор на народни пратеници, Законот за единствен избирачки список, Законот за живеалиште и престој на граѓаните, Законот за финансирање на политичките активности, Закон за спречување на корупцијата и Закон за Уставен суд“, се наведува во предлогот.

Предвидено е властите на градот Белград, општините, градовите и градските општини кои ги извршуваа своите функции во времето на влегувањето во сила на овој Уставен закон, да продолжат да работат до денот на конституирањето на новите собранија.

Си предлага четири принципи за решавање на ситуацијата во Украина

Претседателот на Кина, Си Џинпинг на денешната средба со германскиот канцелар Олаф Шолц предложи четири принципи со цел да се спречи прелевање на украинската криза и што побрзо да се воспостави мир.

- Прво приоритет треба да биде поддршка на мирот и стабилноста, воздржувајќи се од барање себични цели. Второ, треба да ја смириме ситуацијата и да не долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од понатамошна ескалација на тензиите. Четврто, треба да го намалиме негативното влијание врз светската економија и да се воздржиме од поткопување на стабилноста на глобалната индустрија и синџирите на снабдување, наведе Си.

Тој посочи дека за постигнување на целите потребно е сите страни заедно да работат на воспоставување на мирот што е можно побрзо.

Ковачки: Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски за навредите кон Давкова

Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски за навредите кон Силјановска Давкова, бидејќи човекот свесно премолчи сексуално вознемирување во Армијата.

Втор ден како Пендаровски Стево молчи за навредите кон Гордана Силјановска Давкова, навреди за сексистичка основа, навреди на мизогиниска основа. Но, што да очекува јавноста од човекот кој што го премолче секс сканадалот во Армијата, ќе го премолче и овој.

Ме изненадува тоа што молчи и Ковачевски, меѓутоа молчи и Сања Лукаревска, носителот на изборна единица број 3 кој како жена треба да знае и треба да застане позади сите жени. Ова е напад на сите жени истовремено.

Ги повикивам и Пендаровски и Ковачевски и Лукаревска веднаш да се оградат од овој настан. Овој настан само покажува колкав е стравот кај истите, покажува дека се исплашени од поразот и се свесни дека Гордана Силјановска Давкова ќе му го визира пасошот на Стево Пендаровски да се исели од Република Македонија.

На 24 Април да излеземе масовно и да го поразиме Пендаровски и Ковачевски.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер