Ужасна снимка на двајца мажи кои се изживуваат врз маче (ВИДЕО)

Британското здружение за заштита на животните почна истрага за да се дознае идентитетот на двајца мажи , од кои едниот на брутален начин се изживува врз маче и другиот , кој се смее.

Активистите на  RSPCA почнаа истрага во областа Вест Мидландс за да го открие идентитетот на двајцата мажи од кои еднииот се изживува врз маче , а другиот се смее на тоа. Мажот го фрла мачето преку глава , како да е топка , а потоа го удара по главата и го фрла на креветот , на што другиот се смее.

Ова видео беше објавено на социјалните мрежи и предизвика ужас во Британија.

Бред Пит признава дека работел како маскота на кокошка пред фаст фуд ресторан : Човек мора од нешто да живее (ВИДЕО)

Холивудската ѕвезда Бред Пит во шоуто на Елен де Џенерис покажа дека не се срамни од своето минато и откри многу тајни од својот живот.

Тој рече дека не му е срам што на почетокот на актерката кариера морал да работи пред фаст фуд ресторан облечен во маска на кокошка. ,,Човек мора од нешто да живее.” , рече Бред.

На почетокот на шоуто Бред се појави ненајавено од публиката , на огромна радост на жените и девојките , кои не можеа да останат рамнодушни.

Во текот на емисијата се покажа и дека Бред и Елен имале заедничка девојка .

Тој раскажа и дека пред да стане актерска sвезда, студирал новинарство на Универзитетот во Мисури. Но, на само неколку испити пред дипломирањето, се отпишал од факултетот  и се преселил во Лос Анџелес за да почне со актерство.

На Западниот брег, Пит работел  бројни необични работи покрај онаа пред фаст фуд ресторанот Ел Поло Локо. Преселувал мебел, а два месеци бил стриптиз возач. Оваа последната работа, вели тој, му помогнала во актерската кариера, бидејќи една од клиентките му кажала дека оди на часови по  глума кај Рој Лондон, па решил да види што може да научи.

Во 2014 година, тој го доби единствениот Оскар, не за глума, туку за продукција на историската драма на неговата продуцентска компанија, Plan B Entertainment.

И покрај тоа, Бред е еден од најпочитуваните актери денес, за кого „Гардијан“ неодамна заклучи дека е единствениот што може да му парира на Леонардо Ди Каприо, „последниот Мохиканец“ на класичниот Холивуд.

55-годишниот актер неодамна зборуваше за проблемите со алкохолот и неговиот живот по разводот со Анџелина Џоли во интервју за Њујорк Тајмс.

По 70 години , откриен дневникот на полската Ана Франк (ВИДЕО)

По речиси 70 години е откриен дневникот на полско – еврејската тинејџерка Ренија Шпигел , а бил скриен во трезор на една банка во Њујорк.

Нацистите ја убиел Ренија во 1942 година , токму кога наполнила 18 години , а нејзината приказна била премногу болна за да ја прочитаат мајка и и сестра и. Книгата „Дневникот на Ренија: Животот на една млада девојка во сенка на холокаустот“ ќе биде објавена од нејзиното семејство. Тие веќе го споредуваат со дневникот на Ана Франк, пренесува Си-Ен-Ен.

Издавачот на книгите „Пингвин“ ја опишува книгата како „извонредно сведоштво за ужасите на војната и животот што постои дури и во најтемните времиња“, а ќе биде објавена на 19 септември.

Девојчето живеело во градот Пржимил во југоисточна Полска, кое беше под советска окупација уште од 1939 година, се додека нацистичката Германија не го нападнала Советскиот Сојуз две години подоцна.

Дневникот е напишан на речиси 700 страници и започнува во јануари 1939 година, кога Рениа имала 15 години. Тоа е хроника за бегство од бомбардирањето на нејзиниот роден град, исчезнувањето на другите еврејски семејства и создавањето гета.

Ренија и нејзината сестра Елизабета (која е родена Аријана) се разделени од нивната мајка, која била на германската страна за време на војната. Скоро секој запис во дневникот завршува со „Бог и Булус ќе ме спасат“, при што Ренија го користи прекарот на нејзината мајка.

Како инспирирана поетеса, Ренија го наполнила дневникот со десетици песни, како и приказни за нејзината прва љубов, момчето Зигмунд Шварцер. Двајцата прв пат се бакнуваа неколку часа пред да пристигнат нацистите во Пржимил.

Ренија е убиена во јули 1942 година на 18-годишна возраст, откако нацистите откриле дека се крие во таванот на семејната куќа.

Темната страна на Холивуд: Каскадерка за малку ќе загинела , а не и ги платиле ниту сметките (ФОТО)

Каскадерката Оливија Џексон , која ја изгубила раката на снимање , го тужи продуцентот поради кршење на договорот.

Каскадераката речиси ќе загинела на снимањето на филмот Resident Evil во 2015 и иако филмот заработил 310 милиони долари , на Оливија не и ги платиле ниту сметките за болничко лекување.

Денес, 36-годишната каскадерка од Амершам , на трагичното снимање се судрила со метален носач за  камера , а не носела заштитната облека што требало да ја носи додека ја снимала сцената.

Џексон сега ги тужи продуцентите Пол Андерсон и Џереми Болтон, за кои тврди дека ја „напуштиле“ додека била во кома, откако ветиле дека ќе ги платат блничките сметки. Според MailOnline, Андерсон и Болтон понудиле да платат за лекувањето, но тоа било дел од договор за доверливост.

Џексон тврди дека заради тоа, била принудена да се потпре на „ужасно несоодветното“ осигурување , кое опфаќало само 33.000 американски долари. Таа тврди дека добила само 990 американски долари во обештетување за изгубената заработувачка.

Адвокатот Џулијан Чемберлејн, кој ја претставува Оливија, за MailOnline изјави дека 33.000 американски долари не ги покриваат трошоците за кое било од многуте сложени операции што и биле потребни на Оливија.

„Можеби ќе треба 10 или повеќе операции. Овде не се зема предвид никаква протетика, помагала и терапии кои на Џексон и требаат што може да чини десетици до стотици илјади долари“, вели адвокатот.

Во тужбата се детализираат грозоморните повреди кои Џексон ги претрпе во несреќата како скршеница на черепот, повреда на белите дробови, а раката и била целосно скршена. Исто така, доживеа повеќекратни фрактури на 'рбетот, ребрата, долниот дел од нозете, рацете и подлактиците...

Храбрата каскадерка инспирира многумина со нејзиниот позитивен став по повредите, а своето закрепнување го споделува со фановите на Инстаграм. Скоро 50.000 луѓе ја следат.

„Постојаната болка е необјаснива. Не можам да се сетам како се чувствувам во нормалното тело без болка“, напиша таа на еден од своите објавувања. „Толку е примамливо да ги мразам луѓето што ми го сторија ова. Јас се обидувам да ја искористам таа енергија за да се фокусирам да бидат подобри и да останат позитивни“.

притисни ентер