Видео-Фото: НБА ѕвезда на трактор

Српскиот центар Бобан Марјановиќ вистински ужива по крајот на долгата и напорна сезона во НБА лигата.

Пред стартот на репрезентативните подготовки за настап на Мундијалот во Кина 221 сантиметри високиот Марјановиќ го посети својот роден крај.

Кошаркарот на Филаделфија секогаш знае добро да се забавува и тоа редовно е на некој оригинален начин. Ниту сега не е поинаку.

Додека неговите колеги уживаат во тропските краеви на егзотични плажи Марјановиќ одмара во родниот Бољевац.

Неговата сопруга Милица на социјалните мрежи објави фотка на која таа и Боби со пријателите се возат на трактор.

Фотката експресно доби илјадници  лајкови од фановите на кошаркарот кој по сезона заработува околу 7 милиони долари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Make sure to swipe 🤩🚜

A post shared by Milica Marjanovic (@mrsbobi) on

Видео: Вујче Луис Хамилтон игра со внуците

Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон , сподели на својот Инстаграм профил видео на кое игра со внучето.

Уживам во улогата на вујко. Морам да поминувам време со децата на мојата сестра, кои ги обожувам. Должност на вујкото е да ги слуша своите внуци, добриот вујко никогаш не вели не. Напиша Хамилтон откако го објави видеото.

Фото: Сака да има најголеми силиконски гради на светот!!

Жената која го шокираше светот со изјавата дека се прогласува за „афроамериканка“ , по денови и денови минати во солариум сега е во трка по нов рекорд.

Германката која се преставува како Мартина Биг во утринска програма на британска телевизија зборувала за своите минати и идни хируршки зафати.

31 годишната Мартина пред неколку години го привлече вниманието на јавноста со црниот тен и огромните силикони во градите сега има нова цел.

Да ги вгради најголемите силикони на светот во градите!!

-Во моментов рекордот го држи жена која има по девет литри силикон во секоја од дојките.

-Но, моите имплантанти се најголеми на светот поради тоа што се направени  да може да примат по 20 литри силикон, открила Мартина во емисијата.

Загрижениот водител ја прашал Мартина како ќе ги носи тешките гради.

-Чекор по чекор. Сакам да се обидам. Кога ќе бидам постара ќе ги намалам силиконите во градите, но сега сакам да бидам се поголема и поголема, истакнала Мартина.

Ауди одбележува 25 години „RS“

Пред полни 25 години се појани првиот Ауди „ RS“, моделот „RS2“ Авант.

По овој повод компанијата Ауди реши покрај постоечките „RS“ модели, да најави уште два сосема нови.

Иако многу луѓе се надеваа на Ауди „R8“ во „ RS“ изведба, тоа нема да се случи. Новите два модели ќе бидат дел од SUV сегментот.

притисни ентер