Починал американски пациент по трансплантација на човечки измет

Американската агенција за храна и лекови забрани да се врши трансплантација на микрофлора од човечки измет, откако еден пациент почина веднаш по трансплантацијата.

Постапката на пресадување на фекална микрофлора се покажа како напредна метода за лекување на одредени биолести на дигестивниот систем. Докторите при оваа процедура земаат измет од здрав дарител и го вградуваат во цревата на човек со пореметена цревна флора.

Иако оваа терапија за многумина беше гадна и нецивилизирана , до сега се сметаше дека станува збор за процедура во која не може да има негативни последици.

Но , сега почина еден пациент , а вториот , кој добил измет од истиот дарител е во тешка состојба. Докторите направиле дополнителни анализи и утврдиле дека здравиот дарител има бактерија Ешерихија во изметот , која произвела ензим отпорен на антибиотици.

Докторот Питер Маркс, директор на центарот за биолошка проценкаи истражувања на американската агенција за храна и лекови , рече дека агенцијата забранила одреден број клинички истражувања се додека не се докаже дека при трансплантацијата ФМТ се преземени сите мерки за безбедност.

Видео: Џеј Ло танцува околу шипка

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез на Инстаграм објави кратко видео на кое изведува секси стриптиз.

Атрактивната Џеј Ло со ова кратко видео на кое може да се види како танцува околу шипка само ја заинтригира и „возбуди“ машката публика.

Со краткото видео мега популарната пејачка и актерка  го најавува својот нов филм „ Hustlers" во кој ја толкува главната улога. Филмот е направен според сторијата „ The hustlers at Scores", за групата на поранешни стриптизети кои ги мамеле клиентите од Вол Стрит.

Покрај Лопез во филмот се појавува и контроверзната раперка Карди Б.

Видео: Вујче Луис Хамилтон игра со внуците

Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон , сподели на својот Инстаграм профил видео на кое игра со внучето.

Уживам во улогата на вујко. Морам да поминувам време со децата на мојата сестра, кои ги обожувам. Должност на вујкото е да ги слуша своите внуци, добриот вујко никогаш не вели не. Напиша Хамилтон откако го објави видеото.

Фото: Сака да има најголеми силиконски гради на светот!!

Жената која го шокираше светот со изјавата дека се прогласува за „афроамериканка“ , по денови и денови минати во солариум сега е во трка по нов рекорд.

Германката која се преставува како Мартина Биг во утринска програма на британска телевизија зборувала за своите минати и идни хируршки зафати.

31 годишната Мартина пред неколку години го привлече вниманието на јавноста со црниот тен и огромните силикони во градите сега има нова цел.

Да ги вгради најголемите силикони на светот во градите!!

-Во моментов рекордот го држи жена која има по девет литри силикон во секоја од дојките.

-Но, моите имплантанти се најголеми на светот поради тоа што се направени  да може да примат по 20 литри силикон, открила Мартина во емисијата.

Загрижениот водител ја прашал Мартина како ќе ги носи тешките гради.

-Чекор по чекор. Сакам да се обидам. Кога ќе бидам постара ќе ги намалам силиконите во градите, но сега сакам да бидам се поголема и поголема, истакнала Мартина.

притисни ентер