Иран соборил американски дрон

Корпусот чувари на исламската револуција соопшти дека собориле американски шпионски дрон „Глобал Хоук“ на југот на Иран, пренесе телевизијата „Прес“.

Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во реонот Куха Мубарак, во провинцијата Хормозган, откако дронот влегол во воздушниот простор на Иран.

-Американското воено беспилотно летало е соборено во меѓународен воздушен простор  над Ормускиот мореуз, изјави неименуван американски претставник.

Тој истакнал дека е соборен дрон – беспилотно летало на американската морнарица од типот „. MQ-4 triton".

Царовска: Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, ги зголемивме и пензиите

Овие денови се боревме за зголемување на минималната плата. Сведоци бевме како пратеници закочуваат минимална плата. 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во Делчево ја продолжи серијата граѓански трибини „На прав пат", каде се обратија министерката за труд и социјална политика и потпретседател на СДСМ Мила Царовска, членот на Централниот одбор на СДСМ Зоран Китанов и градоначалникот на Делчево Горан Трајковски.

-Овие денови се боревме за зголемување на минималната плата. Сведоци бевме како пратеници закочуваат минимална плата. Единаесет години ја држеа минималната плата под прагот, недостоинствено и неправедно. Најпрвин што направивме ја направивме минималната плата 12 илјади денари, а денес изнесува 14.500 денари. Но, растат и сите плати, во образование, во градинките, во здравството итн. Дополнително го стабилизиравме пензискиот систем и наместо популистички мерки заштедивме 3,5 милијарди денари за да го стабилизираме. Со тоа од јануари ја зголемуваме пензијата за 700 денари, а понатаму и над 800 денари, рече Царовска.

Стечајците на улица ги бараа своите права, но за само две ипол години, како што рече, опфативме 11 илјади стечајци за да остварат право на пензија.

– Оваа година ќе ја завршиме со 12 илјади стечајци. ВМРО-ДПМНЕ за нивниот мандат реши четири илјади стечајци, а ние за две години 11 илјади. Имаме 76 млади вклучени во Гаранција за млади, многу млади почнуваат свој бизнис. Ако продолжиме по овој пат нашата држава ќе си ја направиме поубаво место за живеење. Затоа ќе се борам за подобар живот на секој еден од нас, додаде Царовска во Делчево.

Китанов истакна дела целиот регион е во градежна офанзива, а најмногу се градело во Малешевијата.

-Кога ми ја доделија функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта од Светска банка за малку ќе го земеа кредитот за рехабилитација на патот Кочани – Делчево. За само три месеци откако го презедовме проектот, ете го патот нов и асфалтиран. Тука беа и проблемите со одроните за нивна санација, требаше уште 7-8 милиони евра. Замислете како цела Триумфална капија. Но, и тоа се реши. Во Малешевијата се завршија многу патишта, Виница – Бигла – Делчево, Делчево – Пехчево, Делчево – Граничен премин. И сето тоа чинеше колку два проекта од „Скопје 2014", истакна Китанов.

Ја обвини опозицијата дека шири лаги. – Оставија бандери и далноводи на сред пат. Вистината е оваа, по финансиска книга платено и завршено 53 отсто од автопатот Миладиновци – Штип, за година ипол 47 посто. Кога некој лаже за нешто без усул, не можам да сфатам. Ветувам пролетта и експресниот пат Кочани – Штип ќе биде пуштен. Вашата желба ја знам, да имате експресен пат од Граничен премин Делчево до Кочани. Го имаме предвид, има елаборат за реализација на таков проект, додаде Китанов.

На трибината делчевскиот градоначалник се осврна на реализираните проекти во изминатите две години. – Вративме огромни долгови од 60 милиони денари со помош на Владата за да можеме порелаксирано да работиме. Го реконструиравме булеварот во централното градско подрачје, изградивме пешачки мост кој ќе ги поврзува жителите од стариот и новиот дел на градот и многу други проекти кои опозицијата не успеа да ги направи, иако имаа два мандата, рече градоначалникот Трајковски.

Силен земјотрес ја погоди Индонезија, прогласена вонредна состојба!!

Земјотрес со јачина од 7,1 степен денеска ја погодил Индонезија пренесе „Раша Тудеј“.

Епицентарот на силниот земјотрес бил кај мореузот Малука, на околу 134 километри од индонезиското острово Теренте.

Властите во Индонезија веднаш прогласиле вонредна состојба и предупредиле на опасност од цунами.

Засега нема информации за евентуалните штети од силниот земјотрес.

Средба на претседатели на комисии на СДСМ со градоначалници од изборните единици 1, 2 и 6

Претседателите на неколку комисии на СДСМ попладнево одржаа работни состаноци со градоначалници од изборните единици 1, 2 и 6.

На сите нивоа, СДСМ посветено работи согласно новиот систем во интерес на граѓаните. На состаноците се разговара за степенот на реализација на програмите на општините и градоначалниците, соработката меѓу општините, министерствата и централните институции, како и за меѓуопштинската соработка.

Од страна на градоначалниците и претставниците на локалната самоуправа беа презентирани и плановите за идни активности кои се насочени на подобрување на квалитетот на живот, како и унапредување на локалниот економски развој.

Се разговара и за креирање нови решенија и мерки за актуелни прашања.

Активностите на СДСМ на сите нивоа продолжуваат со засилено темпо. Сите капацитети се ставени во функција на креирање мерки и политики кои се во интерес на граѓаните.

Продолжуваме да работиме посветено на остварување на зацртаните цели кои обезбедуваат подобар живот за сите.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

притисни ентер