Фото: Принцот Вилијам ја изневерувал Кејт со нејзината најдобра другарка?!

Таа е наводната љубовница на британскиот принц Вилијам?

Британскиот престолонаследник ја изневерувал својата сопруга Кејт Мидлтон се нејзината најдобра другарка!!

Од кога во јавноста се појавиле нови детали за односот меѓу Кејт Мидлтон и нејзината пријателка манекенката Роуз Ханбери, Британија повторно шпекулира за наводното неверство на принцот Вилијам.

Дел од медиумите веќе подолг период шпекулираат дека манекенката Роуз е љубовница на принцот Вилијам. Нејзиното ново појавување на државен банкет во кралската палата дополнително ги подгреа сомнежите.

Другарките Кејт и Роус сега седеле на спротивните страни на салата за танц, а медиумите наведуваат дека и цела вечер се избегнувале една со друга.

Видео: Фолксваген „Буба“ се враќа како мотор!!

Легендарната „Буба“ на Фолксваген по втор пат замина во историјата откако неодамна беше прекинато обновеното производство на славниот модел.

Сепак, старата оригинал „буба“ продолжува да ги инспирира вљубениците во автомобили и мотори.

Меѓу нив е и Брент Валтер кој ги искористил крилата на „буба“ како каросерија за своите мини мотоцикли.

На основната конструкција на овие мали мотоцикли со мотор од 79 ццм, е додаден елемент составен од предното и задното крило на бубата.

Крилата се исечени на средина и заварени, а фарот на бубата е задржан како предно светло на мотоциклот, а штоп светлото стана задно светло на моторот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Cold day for a ride. #volkspod

A post shared by Brent Walter (@walter_werks) on

Џон Леџенд е најсексапилниот човек на светот!!

Американскиот пејач и актер Џон Леџенд е прогласен за најсексапилниот жив човек на светот во изборот на магазинот „Пипл“.

40 годишниот Леџенд е во брак со прекрасната манекенка Криси Тајген со која има две деца.

Инаку, тој е првиот афроамериканец кој успеал да ги обедини наградите Еми, Греми, Оскар и Тони, пренесе „Ројтерс“.

„Возбуден сум, но во исто време малку сум и исплашен, бидејќи тоа е голем притисок за мене.Секој сега ќе ме гледа за да види дали сум доволно секси за да ја носам оваа титула, изјавил Леџенд за магазинот „Пипл“.

Минатата година истата титула ја доби британскиот актер Идрис Елба.

Ријана: Ми се чини дека Трамп во моментов ментално е најболното битие во САД

Светската музичка ѕвезда Ријана во исцрпен разговор за „Вог“ зборувала за своите модни и музички подвизи. Но, Ријана го коментирала и претседателот на САД , Доналд Трамп.

Мегапопуларната пејачка досега неколку пати јавно го прозвала претседателот Трамп.

Кога првиот човек на Белата куќа неодамнешното пукање во Ел Пасо го нарекол чин на кукавици кој е резултат на ментални проблеми, Ријана му одговорила дека погрешно го спелува тероризмот.

-Луѓето се убиваат со оружје кое легално го набавуваат. Ова едноставно не е нормално. Тоа никогаш не би требало да е нормално. А факт е дека е класифицирано како нешто поинакво поради бојата на нивната кожа?Тоа е шлаканица в лице. Целосно е расистички. Ставене Арапи со истотот оружје во тој ист Волмарт во Ел Пасо и нема шанси Трамп  таму да би седел и да зборува во јавноста за ментални проблеми. Ми се чини дека претседателот Трамп во моментов е ментално најболното човечко битие во Америка, изјавила Ријана.

притисни ентер