Доживотен затвор поради смрт на 71 мигрант во Унгарија

Унгарски суд денеска правосилно осуди на доживотен затвор четири лица одговорни за смрт на 71 мигрант, чии тела беа пронајдени во камион, оставен на автопат во Австрија во август 2015 година.

Судијата соопшти дека тројца од криумчарите нема да имаат можност за помилување, додека четвртиот ќе одлежи најмалку 30 години затвор.

 Осудени се Авганистанец, кој ја предводел таа група, и тројца Бугари. Тие беа прогласени за виновни за организирано криумчарење на луѓе и убиство без предумисла, бидејќи не го запреле камионот и не ја отвориле вратата за да влезе воздух.

 Судијата рече дека мигрантите ја удирале вратата и викаа, обидувајќи се да го привлечат вниманието на возачот. Тогаш се  задушиле 59 мажи, осум жени и четири деца од Сирија, Ирак и Авганистан. Тој случај ја шокираше европа, која се бореше со големиот бран мигранти. 

Француски „Репортер": Преспа, рај на дива природа во срцето на Балканот

Речиси 50 години, Преспанските езера беа отсечени од светот, во корист на дивата природа.

 Денес, оваа погранична област меѓу Македонија, Албанија и Грција смета на екотуризмот за да ја спречи силната емиграција на нејзините жители, пишува во опширната репортажа францускиот портал „Репортер", посветен на екологијата, пренесува дописникот на МИА.

Репортерот Луј Сејер уште на почетокот на репортажата ги водедува своите читатели во „рајот" наречен Преспа, регион кој скоро цели педесет години поради железната завеса ги подели луѓето, но геополитиката беше во полза на природата.

Преспа, со своите езера вгнездени на 850 метри надморска височина е „жариште на биолошката разновидност". Разновидни живеалишта кои нудат импресивна фауна и флора: 1.500 видови растенија, 270 видови птици, 9 видови ендемични риби, присуство на сите големи европски месојади итн.

–Преспа е едно од најважните мочуришта во Европа, вели Даниела Заец од Македонското еколошко здружение. – Како што ги делиме овие езера меѓу нашите три земји, важно е да работиме заедно за да постигнеме вистински резултати во заштитата на природата, вели таа.

Островите, паднати како карпа од небото во средината на езерото, летовите на пеликаните и коромораните кои скоро ве допираат, рибите, змиите, смоквите, старите преспански езера се денес зелен појас на европскиот континент.

„Преспа Нет" ги поврзува македонските, грчките и албанските еколошки здруженија. За да ги извршуваат своите проекти, тие првенствено се потпираат на локалното население, чии услови за живеење честопати биле тешки. Дури и денес, повеќето млади луѓе го напуштаат регионот поради недостаток на перспективи.

Репортерот го опишува селото Брајчино, преку Борис кој ја побара како многумина од селото својата среќа преку другата страна од океанот, а денес во својата старост го ужива чистиот воздух на Преспа. Но полека животот се враќа во Преспа, куќите се обновуваат, се развива еколошкиот туризам. Странските туристи доаѓаат да вкусат мед и локалната ракија. Македонците се учат од примерот од нивните комшии од Грција, кои се понапред во туризмот. Но за да се помине на другата страна од границата, треба да се направи заобиколување од 130 километри. По Брајчино, патот завршува, затворен со бариера и знак за застанување: малиот граничен премиен е затворена веќе 50 години со воениот удар во Грција. Една темна страница за регионот, наскоро свртена. Благодарение на договорот на Преспа за името на земјата – да стане Северна Македонија – склучен во 2018 година помеѓу грчката и македонската влада, патот треба повторно да биде отворен.

Отворањето на границата е она за што се надева Нонас Стергиос, производител на зеленчук и горд дека произведува органска храна од 2002 година.

Ако регионот на Преспанското Езеро воодушевува  со своите природни убавини, исто така, тој ќе  ги израдува љубителите на историјата. Грците, Римјаните, Византијците, Османлиите … последователните сили ги обликуваа овие езера, населени со човекот од неолитот, како што беше потврдено од страна на некои локации кои датираат од 7.000 п.н.е.

Од една граница до друга, посетителот, исто така, може да направи скокови во времето, меѓу индустриските култури на грчката страна и егзистенцијалното земјоделство на албанската страна. Јазиците се разликуваат, како и начините на живеење. Во овие граници на Европа, каде што судбината на народите често се играше на друго место на континентот, културите се мешаат. Македонците, Грците и Албанците живеат, се разбира, околу езерото, но и Ромите, Ароманите или другите “малцинства”.

Репортер го дава примерот на Цвета Трајче од малото македонско малцинство кое живее во селата долж албанските брегови. Тука, потрошувачкото општество изгледа далеку, а работата на земјата е тешка. На ридовите, старите жени со шарени марами се наведнати на малите парцели со чај или житни култури. Тука сè е домашно семејстватаго произведуваат она што го јадат, леб, млеко, зеленчук, мед, вино … но не можат да ги продадат, вели Трајче, која само дипломирала на курс за обука за природни водичи, финансиран од германската држава.

Додека овој дел од Преспа сега се отвора за туризам, една од целите на невладините организации е да се направат овие природни производи достапни и да се подобрат слабите приходи на жителите. – Важно е да им се даде на младите желба да останат, без разлика дали имаат идеи за тоа како и каде да инвестираат”, објаснува Трајче за „Репортер". /МИА

Изгоре хангарот на Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар ги пеплоса бараките во кои е сместен Едриличарскиот клуб во Струга, кој што се наоѓа во близина на „Машка плажа".

Брзата интервенција на Струшките пожарникари спречи поголема катастрофа, и не дозволи проширување кон други објекти. Нема повредени цивили, а еден пожарникар е хоспитализиран поради труење од чад.

Командирот на Територијалната против-пожарна единициа Ристе Талевски за МИА информира дека е опожарен цел хангар каде што беше сместен Едриличарскиот клуб и предизвикана е голема материјална штета.

– Интервениравме со две против-пожарни возила и 13 пожарникари. Предизвикана е огромна материјална штета, но за среќа нема повредени цивили. Поради вдишување чад еден пожарникар е хоспитализиран, изјави Талевски.

Поради силината на огнот, додаде, постоела опасност да бидат зафатени и локалните бараки.

– Пожарот е локализиран, работиме на целосна ликвидација. Спасени се надворешните едрилици, а постоеше опасност од зафаќање и на локалните бараки, посочи Талевски

Причините за пожарот не се познати. По целосното гаснење, екипи на крим техника ќе работат на утврдување за причините./МИА

Варвициотис: Нова демократија во наследство го доби лошиот Договор од Преспа

Не сме копотписници на Договорот од Преспа. 

Како што ни оставивте во наследство други прашања, така во наследство го добивме и лошиот договор за кој треба да работиме за резултатите да ги направиме многу подобри, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, надлежен за европски прашања Милитиадис Варвициотис, за време на расправата во Парламентот за гласање доверба на владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија им се обрати на поранешниот премиер Ципрас, на поранешниот министер за надворешни работи Катругалос и на другите кои коментирале, велејќи дека дошло до недоразбирање во однос на она што тој го кажа на конференцијата на „Економист". Го повтори веќе изнесениот став дека Нова демократија „се бореше и стори сѐ да не се потпише и да не се ратификува Договорот од Преспа", бидејќи смета дека станува збор за лош договор и не ги решава на корисен начин националните прашања.

-Да не се истрчувате и да велите дека сме копотписници на Договорот од Преспа. Го наследивме, ќе се обидеме, преку тесната рамка што е опишана да ја подобриме реалноста што ја создава и тоа ќе го направиме доследно, со труд, со меѓународните сојузништва и без да ја ризикуваме позицијата на земјата. Бидејќи секоја друга политика би значела дека го имаме загубено нашето главно оружје, што беше ветото за влез на Скопје во НАТО, а од друга страна ја имаме изгубено Времената спогодба, што го предвидуваше начинот на кој оваа држава се претставува во меѓународните организации, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција.

Варвициотис објасни постојат две полиња на кои треба да работат за резултатите од „лошиот договор да бидат многу подобри за грчките национални интереси".

-Прво е полето на економијата, прашањето со бизнисите, производите, кои треба да ги зајакнеме, треба да го дадеме поттикот што треба и, секако, треба на европско ниво да ја гарантираме нивната автентичност. Второто е прашањето со иредентизмот. И овде сакаме да испратиме јасна порака дека ќе бидеме во континуиран процес на следење и на развојот на предвиденото во Договорот, но уште повеќе кога ќе се отвори европскиот пат на северниот сосед кон Европската унија, тогаш во секоја фаза ќе бидеме таму за да следиме, бидејќи сакаме Западен Балкан да оди напред во Европа, но без никакви отстапки, ниту за прашањата со иредентизмот, ниту за прашања кои се поврзани со владеењето на правото, рече Варвициотис за време на расправата во Парламентот за гласање доверба на грчката влада, пренесе МИА. 

притисни ентер