Почна самитот на ЕУ - се очекува потврда на заклучок за Македонија

Без поголеми очекувања дека може да дојде до пресврт и промена на заклучоците што пред два дена ги усвоија министрите за надворешни работи, лидерите на Европската унија го почнаа дводневниот самит во Брисел.

Темата на проширувањето, според очекувањата, не е високо на денешната агенда на Европскиот совет. Александар Видиновски е во Брисел.

Со оглед дека низа други прашања се во фокусот на лидерите, ќе има ли простор за дискусија за Македонија на Самитот.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Во Белград почна протестот ,,1 од 5 милиона”

Вечерва во Белград , пред Филозофскиот факултет почна по 41. пат протестот ,,Еден од пет милиона”.

Протестниот марш ќе се одвива по улиците во центарот на Белград. Пред тоа , на насовраните им се обратија Никола Јовановиќ, шеф на парламентарната група на Сојузот за Србија (ССС) во белградското собрание.

"Ние не се согласуваме на измамнички избори. Нема да бидеме мали завртки во механизам што е расипан. Не ни требаат фотелји и ресторани кога луѓето страдаат. Нема да даваме на системот , кој е на умирање.  Доволно е. Значи, нема да му дадеме алиби на овој систем. Ние сакаме да го промениме системот и тоа е нашата порака “, рече Јовановиќ, додавајќи дека и честита на Демократската партија што се приклучи во бојкотот на изборите.

На три дена до изборите, Трамп ја поддржа кандидатурата на Нетанјаху

Американскиот претседател Трамп денеска ја поддржа изборната кампања на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и откри дека со него разговарал за можен договор за заедничка одбрана.

На три дена пред изборите во Израел, Трамп на Твитер напиша дека со Нетанјаху разговарал за договор со кој би се ставил печат на одличниот сојуз меѓу двете држави.

„Очекувам да ги продолжам разговорите по изборите во Израел, кога ќе се сретнеме во Генералното собрание на ООН следната недела“, напиша Трамп, пренесува Франс Прес.

Двете држави веќе заедно работат на размена на информации, заеднички воени вежби и воена соработка, а договорот ќе создаде нови обврски, особено автоматската интервенција на Соединетите држави во случај на напад на Израел.

Десничарот Нетанјаху е во мртва трка со центристите и сега има цел да добие поддршка од Трамп, но и од рускиот претседател Владимир Путин, кого го посети оваа недела.

Лидерот на ционистите, главниот противкандидат на Нетанјаху, Бени Ганц, ја отфрли идејата за алијанса како „тешка грешка“, бидејќи Израел со тоа ќе ја загуби воената автономија.

„Никогаш не сме барале некој да загине за нас. И никогаш не побаравме туѓа дозвола да ја браниме израелската држава“, рече Ганц, пренесе Ројтерс.

Нетанјаху, кој победи на изборите во април, но не беше во можност да формира коалиција и распиша нови избори, во вторникот објави план за анексија на долината на Јордан и поголемиот дел од Западен Брег, доколку победи на изборите следната недела.

Колевски: Советот на јавни обвинители едногласно го прифати предлогот за разрешување на Јанева

Членовите на Советот на јавни обвинители едногласно го усвоија предлогот за разрешување на Катица Јанева, поднесен од Собранието.

Советот на јавни обвинители на денешната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е третоосомничена за случајот „Рекет" и се наоѓа во притвор. За нејзино разрешување гласаа сите осум пристуни членови на Советот на вонредната седница.

-Советот на јавни обвинители на денаешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен овинител Катица Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски по завршувањето на седницата.

Тој посочи дека в понеделник ќе продолжи седницата на која ќе се расправа за обвинителите во Специјалното јавно обвинителство кога ќе биде констатиран престанок на нивниот мандат.

Одлуката за разрешување на Јанева, додаде, стапува на сила со денешниот ден и ќе биде објвена во службените гласила

Процесот на разрешување на Јанева почна на 5 септември, кога Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење. Продолжи Собранието на Република Северна Македонија кое денеска во рамките на 112-тата седница ја разреши специјалната јавна обвинитеклка Јанева со 102 гласа „за" без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за" и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство. Веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша  предлогот за разрешување и го достави до Советот на јавни обвинители кој на вонредна седница ја потврди одлуката за разрешување.

Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истекуваше утре, 15 септември. 

притисни ентер