Нејмар ќе стори се само да се врати во Барселона

Најскапиот светски фудбалер, Бразилецот Нејмар е подготвен да направи сѐ што е потребно за да се врати во Барселона во лето.

Бразилската  фудбалскска ѕвезда  за да се врати на „Камп Ноу“ е подготвен и јавно да се извини на навивачите, информира порталот „Спорт.ес“.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Каталонија која ја напушти во 2017 година.

Сепак, за да се случи тоа потребна е дозвола и од францускиот шампион ПСЖ кој се уште не е подготвен да го ослободи Бразилецот и покрај неговата желба. 

По бледото издание во Кина , српскиот селектор Ѓорѓевиќ си заминува од репрезентацијата

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација , Александар Ѓорѓевиќ ја напушта селекторската позиција по бледиот настап на репрезентацијата на СП во Кина.

На прашањето дали ќе остане на селекторската клупа, Ѓорѓевиќ одговори: „Точно она што го напишаа медиумите, заминувам“.

На легендарниот српски кошаркар договорот му истекува  на крајот на Мундијалот во Кина, каде српскиот тим го зазеде  петтото место.Ѓорѓевиќ беше пет години на позицијата селектор и со репрезентацијата има освоено  три сребрени медали - 2014 година на Светскиот куп, 2016 година на Олимписките игри и 2017 година на Европското првенство.

По лошиот настап во Кина, Ѓорѓевиќ реши да му го препушти кормилото на репрезентацијата на некој друг.

На негово место би можело да дојде Игор Кокошков, кој е асистент тренер на НБА тимот  „ Sacramento Kings“ и кој го освои Европското првенство со репрезентацијата на Словенија пред две години.

Гасол има шанса за двојна титула , каква што ја има освоено само уште еден играч

Шпанската кошаркарска репрезентација утре во 14 часот ќе игра во финалето на Светското првенство во Кина против Аргентина.

Доколку победи , по втор пат ќе стане светски шампион по победата во 2006 на Светското првенство во Токио , кога ја победи Грција.

Јунак на победата во полуфиналето над Австралија беше 34- годишниот центар Марк Гасол , кој заби дури 33 коша . тој беше дел од репрезентацијата и во 2006 , кога главна ѕвезда беше неговиот брат Паул.

Но , доколку го освои светското злато , гасол има шанса за уште еден редок успех. Тој годинава го доби шампионскиот прстен во НБА лигата ,како член на Торонто Рапторс,  така што само на уште еден играч во историјата му се случило да го освои прстенот на НБА и златниот медал на Светското првенство.

Ламар Одом тоа го постигна во 2010 како играч на ЛА Лејкерс , а потоа и како член на репрезеднтацијата на САД , на Светското првенство во Турција го доби златниот медал.

Мурињо: Се уморив од одморот

Португалскиот фудбалски експерт , Жозе Мурињо е без работа од 2018 и вели дека одморот му здодеал , така што се враќа на тренерската работа.

"Уморен сум од одморот. Ова е прв пат да живеам во навивачки стил, сега знам како им е кога е крајниот рок за трансфери. Барам клуб за себе, ги разгледувам  опциите, ќе видиме.  Кога ја водите репрезентацијата, има премалку натпревари. Јас не сум навикнат на тоа. Би сакал еден ден да стигнам до финалето на Светскиот куп или на Европското првенство како тренер на националниот тим."

Мурињо во моментов работи како стручен коментатор на „Скај Спортс“, а во текот на својата кариера беше тренер на Бенфика, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

притисни ентер