Дино Раџа се спасил од тешка сообраќајна несреќа

Легендарниот кошаркар Дино Раџа денеска имал огромна среќа што е жив.

Дино Раџа со сопругата Викторија патувал од Сплит кон Шибеник со брзина од околу 145 км/час. на толкава брзина , му експлодирала гумата на автомобилот.

За среќа , останал жив и тој и сопругата , а за инцидентот напишал на својот профил на Инстаграм.

,,Можеш да имаш не знам колку силен автомобил , но кога ѓаволот ќе се вмеша , можеш да се сликаш. На 145км/час на автопат се распадна како диња од петти кат . Среќа автомобилот е добар , па не се помести.” , напиша кошаркарот.

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

притисни ентер