Штипскиот Дом на млади домаќин на три настани во рамки на Штипско културно лето

Штипскиот Дом на млади оваа недела  е домаќин на три настани, што се дел од Штипско културно лето (ШКЛ), информираше на прес-конференција директорот на Дом на млади, Горан Трајков.

Првиот настан е вечерва и станува збор за самостојна изложба на младиот уметник Марко Вујисиќ од Скопје.

-Станува збор за млад и талентиран уметник, кој имал самостојни, но и колективни изложби во земјава и странство, веднаш продолжуваме со промоција на стихозбирката „Николци", која е во соработка со Универзитетската библиотека „Гоце Делчев". Имаме чест да ги претставиме младите надежни поети, кои учествуваа на конкурсот по повод Светскиот ден на поезијата, вели Трајков.

Последниот настан вечерва на сцената на Дом на млади е настапот на Кавраков џез квартетот. Штипската публика овие настани можат да ги проследат без билети, односно влезот е слободен.

Трајков истакна дека културните настани во рамките на ШКЛ продолжуваат утре со претставата „Моите љубовни јадови" на Народниот театар „Бора Станкович" од Врање.

-Интересна комедија, која ја отсликува положбата на жената низ Балканскиот простор, сите кои уживаат во добра комедија да дојдат утревечер во 20 и 30 часот во Дом на млади, вели Трајков.

Третиот настан е во петок и е  театарска претстава „Јас сум петтата сестра" во режија и адаптација на Симеон Гаврилов, а во неа учествуваат млади актери./МИА

Локализиран пожарот од страна на Пинтија

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. 

Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци./МИА

Во сообраќајна несреќа настрадале мајка и ќерка од Пирот

Наместо да стигнат на одмор во Грција тие настрадале во сообраќајна несреќа.

Во сообраќајната несреќа која се случила во петок изутрина во Бугарија, на магистралниот пат кон Грција се случила сообраќајна несреќа во која настрадале мајка и ќерка, додека таткото кој го управувал возилото со тешки повреди е пренесен во болница.

Како што соопштуваат бугарските медиуми, несреќата се случила откако возилото „Фиат Панда“ со пиротски регистарски таблички од непознати причини нагло свртело на другата страна од коловозната лента и направило директен судир со автобус кој се обраќал на релација Благоевград- Сапарева бања.

Семејството од Пирот на кое му се случи оваа несреќа било тргнато на годишен одмор во Грција.

Тројца мртви во инцидент меѓу навивачи во Хондурас

Тројца се убиени во инцидент меѓу навивачи пред фудбалскиот меч помеѓу Мотахуе и Олимпија на Националниот стадион во Хондурас, пишуваат локалните медиуми.

Тие пренесуваат дека навивачи на Олипија го нападнале автобусот во кој се возеле навивачи од противничкиот тим. Се слушало пукање а полицијата користела солзавец за да го сопре инцидентот. Повредени се уште тројца луѓе од скршено стакло.

притисни ентер