Заев не се слушнал со Катица, а Мицкоски не одговара дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет"

Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција ги охрабри судиите да одлучуваат строго по закон и Устав

Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција ги охрабри судиите да одлучуваат строго по закон и Устав бидејќи, како што рече, не должат никому ништо. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски побара притвор за Катица Јанева, а пратеникот Костадин Костадинов пак побара одговор од Мицковски дали имал средба со еден од осомничените во предметот „Рекет" во кој осомничени се Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски (Зоки Кичеец) кои добија по 30 дневен притвор.

Според Заев, многу случаи во минатото биле заташкувани, биле изменаџирани од извршната власт, од моќниците во државата за никој да не биде исправен пред можната одговорност преку правосудниот систем. Покажуваме, вели Заев, дека никој не е заштитен и дека секој ќе одговара ако се огрешил и кон секој ќе бидат отворени истраги ако постојат индиции за тоа. Премиерот потенцира дека доколку се докаже дека некој близок до власта или носител на функција се огрешил пред законот, таа блискост или поддршка може да заврши во истиот момент.

Заев пред новинарите изјави дека тој не се слушнал телефонски со обвинителката Катица Јанева, пред да и биде конфисуван мобилниот телефон.

„Рекет" се совпадна со ненадејната оставка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која како што изјави обвинителката Вилма Рускоска не е предмет на истрага, но сепак нејзиниот мобилен телефон бил конфискуван за да се утврди евентуалната комуникација меѓу неа и Бојан Јовановски.

Мицкоски пак побара притвор за шефицата на СЈО Јанева, бидејќи, како што рече, исполнети се сите услови.

-Компромитираното СЈО е завршена работа, а првиот чекор треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови. Можност за повторување на делото, затоа што Јанева и денес е прв човек на корумпирано СЈО, постои можност за бегство и за влијание врз сведоци. Сето останато е само слабо и бледо алиби, смета Мицкоски.

Портпаролот на СДСМ Костадинов повикан од ВМРО-ДПМНЕ одговори на обвинувањата за поврзаност со еден од притворените во случајот „Рекет", потенцирајќи дека не е ништо непознато опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ да шири лажни вести.

Обвинителката Ленче Ристовска во име на тимот на Специјалното јавно обвинителство порача дека зачувување на интегритетот на СЈО е примарниот интерес на обвинителите и истражителите во Обвинителството. Дејствијата на поединци, според неа, не ги отсликуваат сите во обвинителството и не смее да ги доведат во прашање постапките што се водени досега.

На Фејсбук се огласи белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше ангажиран во процесот на преговори за Договорот од Пржино. Порача обвинителите да се остават да ја вршат својата работа за случајот „Рекет". Тој напиша дека што и да се случило во Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, важно е да се запрат сите шпекулации и да им се дозволи на обвинителите да ја вршат својата работа.

Ванхојте повикува дека доколку се утврди дека имало злоупотреба на моќта, луѓето што биле вмешани во тоа, треба да се осудат, но најпрвин да се запрат шпекулациите. /МИА

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер